Во просториите на Црвен крст – Кочани денеска се одржа редовна јулска крводарителска акција наменета за граѓанството, а чии организатори беа Општинската организација во соработка со Институтот за трансфузиона медицина – Скопје.
Акцијата беше успешна и крв даруваа 26 крводарители кои се дел од големото хумано семејство на Црвен крст.

Јулската крводарителска акција беше дванаесетта за оваа година и е дел од годишната програма што ја спроведува Црвен крст – Кочани.
Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






