Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

28. „Марш за ангелите“: Не можат да нѐ натераат да замолчиме, не можат да ни ја земат љубовта кон нашите ангели, затоа што таа љубов е посилна од смртта

автор: Т. Ајтовски
25 октомври, 2025 19:03
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
28. „Марш за ангелите“: Не можат да нѐ натераат да замолчиме, не можат да ни ја земат љубовта кон нашите ангели, затоа што таа љубов е посилна од смртта

Во чест на сите семејства што изгубивме сѐ, денеска повторно чекориме, не затоа што сме ја преболеле болката, туку затоа што болката ја претворивме во сила, чекориме по пат што никој од нас не го избра, но тој пат ни стана света должност затоа што чекориме во име на нашите 63 ангели чија светлина не може да ја изгасне ни времето, ни неправдата, ни тишината, рекоа родителите на загинатите во „Пулс“ на 28. „Марш за ангелите“ што се одржа во Кочани.

Колоната која во 15:05 часот тргна од Паркот на Револуцијата кон Трговскиот центар, а оттаму кон Управата за јавни приоходи и Полициската станица, запре на кружниот тек кај двојниот мост на булеварот „Стево Теодосиевски“, каде имаше кратка блокада на сообраќајот.

-Ние ја носиме тежината што не се гледа, но ја чувствува секој што ќе нѐ погледне во очи. Таа тежина не се мери во килограми, туку во молк, во непреспиени ноќи, во празни родендени, во фотографии што не стареат. Но, и покрај неа, стоиме исправени. Денеска не зборуваме, врескаме со глас што доаѓа од најдлабоката болка, од празнината што не се полни, врескаме во име на нашите 63 ангела. Од болката за нив никна најсилната љубов, најцврстата вера и најчистата решителност – вистината мора да излезе на виделина. Од нивната трагедија никна народ што повеќе не се плаши да бара правда. И токму затоа, денес сѐ уште чекориме, чекориме за еден ден да можеме да кажеме – Македонија по нив стана поинаква, побудна, посвесна, побезбедна токму благодарение на нив, затоа што тие нѐ научија колку е кревок животот и колку е скапоцен. Затоа сме тука, да кажеме на цел глас, без страв и без молчење – нивната жртва не смее да биде залудна! Но, дали само нашиот глас е доволен? Зарем не треба да е тоа гласот на луѓето од цела Македонија, гласот што бара одговорност, глас од народот што не се плаши да ја погледне вистината во очи и да каже – доста беше неказнетост, доста беше корупција, доста беше молк, истакна Манта Стоименова, мајка чиј син настрада во трагедијата.

Родителите на починатите побараа сите кои знаат дека се виновни да си ја признаат вината, без разлика дали се обвинети или не, а наместо да се кријат зад прес конференции, трибини и митинзи со лажни насмевки, да ја наведнат главата и да признаат дека згрешиле.

Потоа учесниците на Маршот се упатија кон Основниот суд – Кочани на чија ограда оставија дел од транспарентите со лијковите на загинатите во пожарот во „Пулс“. По едноминутниот молк колоната од семејствата и граѓаните кои им даваат поддршка во барањето правда се врати на почетната позиција во Паркот на Револуцијата.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: трагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели
Кочани

На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 03:12
0

Во атмосфера исполнета со тишина и болка, во 02:32 часот по полноќ, пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани се одржа граѓански собир во спомен на настраданите во трагедијата...

прочитај повеќе
„Кочани Ви благодари“: Признанија за благодарност на одбележувањето на годишнината од трагедијата во „Пулс“
Кочани

„Кочани Ви благодари“: Признанија за благодарност на одбележувањето на годишнината од трагедијата во „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
15 март, 2026 20:46
0

Под мотото „Кочани ви благодари“, попладнево во Кочани се одржа пригоден настан на кој беа доделени признанија на сите институции, медицински тимови и поединци кои несебично помогнаа во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 16, 2026 - пон
Кочани, MK
12°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, S
61%
761.31 mmHg
mon03/16 tue03/17 wed03/18 thu03/19 fri03/20
слаб дожд
13/7°C
облачно
13/6°C
слаб дожд
10/6°C
облачно
11/5°C
снег
7/3°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?