Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

33. „Марш за ангелите“: Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го проби рокот за информирање за текот и статусот на обвинителниот акт

автор: Т. Ајтовски
13 декември, 2025 16:29
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
33. „Марш за ангелите“: Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го проби рокот за информирање за текот и статусот на обвинителниот акт

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција не го испочитува рокот за обезбедување информација за тоа како тече и каков е статусот на обинителниот акт во врска со трагедијата во клубот „Пулс“, истакнаа родителите на загинатите на денешниот 33. „Марш за ангелите“ што се одржа во Кочани.

Во обраќањето до Обвинителството тие нагласија дека не бараат ништо повеќе од она што го гарантира законот, односно навремена, законска и непристрасна постапка, како и јасен одговор околу обвинението.

–Согласно начелата на владеење на правото, законитост и еднаквост на сите граѓани пред законот, покажавме трпение и одговорност и во период од три плус три месеци не побаравме информација за текот и статусот на обвинителниот акт. Тоа го сторивме со цел да ѝ овозможиме на надлежната институција непречено и професионално постапување. Меѓутоа, рокот што беше јавно и институционално најавен, со краен датум до 12.12.2025, е пробиен, без доставено образложение, без официјално известување и без преземање видливи процесни дејствија. Дополнително загрижува фактот што службеници на Министерството за внатрешни работи, кои се осомничени во конкретниот предмет, и понатаму се наоѓаат на слобода и се движат меѓу граѓаните, без јавно познати мерки на претпазливост, суспензија или друга форма на институционална одговорност, истакна Розета Блажева чиј брат загина во пожарот во „Пулс“.

Од Здружениетo „16 март 2025 – Кочани“ побараа одговор кои се причините за пробивање на утврдениот рок и какви мерки се преземени или ќе се преземат во однос на осомничените службеници на МВР.

-Потсетуваме дека службениците на МВР, согласно закон, имаат зголемена одговорност поради природата на нивната функција, овластувањата што им се доверени и довербата што им ја укажуваат граѓаните. Непостапувањето или одолговлекувањето во случаи каде осомничени се токму лица задолжени за спроведување на законот, создава основан сомнеж за селективност, што е спротивно на основните принципи на правната држава. Отсуството на навремена реакција и транспарентност директно ја нарушува правната сигурност, ја поткопува довербата во институциите и остава впечаток дека постои институционална толеранција кон евентуални незаконски дејствија извршени од службени лица. Нашето трпение не е неограничено. Во отсуство на итен и јасен одговор, ќе бидеме принудени да ги искористиме сите законски и јавни механизми за заштита на правдата и јавниот интерес, додаде Блажева.

Вообичаено, „Маршот за ангелите“ тргна од Паркот на Револуцијата кон Трговскиот центар, потоа кон Управата за јавни приходи, Полициската станица и Основниот суд и Обвинителството во Кочани.

За разлика од претходните маршеви, изостана масовната поддршка од граѓаните. Исто така, го немаше и големиот транспарент со ликовите на загинатите во пожарот што наместо на чело на колоната, беше истакнат во салата „Сашо Лазарев – Чапо“ каде во чест на кочанските ангели се одржа меморијалниот турнир во борење „Легендите на Спартак“.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: јавно обвинителстводискотека „пулс“трагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Илијев: Зошто во предизборната кампања никој од кандидатите за градоначалници во општините не зборува за подобрување на противпожарната заштита?
Кочани

Пожарникари од ДПД – Кочани станаа дел од Тимот за брз одговор за пожари на отворено

автор: Т. Ајтовски
22 јануари, 2026 17:12
0

16 членови на Доброволното противпожарно друштво - Кочани станааа дел од Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено што работи во состав на Дирекцијата за заштита...

прочитај повеќе
Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица
Кочани

Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица

автор: Т. Ајтовски
21 јануари, 2026 12:57
0

Здружението „16 март 2025 - Кочани“ упати јавна реакција против постапките што се поведени против деца и млади по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“. Во реакцијата се оценува...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 23, 2026 - пет
Кочани, MK
7°C
одвоени облаци
одвоени облаци
1 m/s, S
76%
754.56 mmHg
fri01/23 sat01/24 sun01/25 mon01/26 tue01/27
одвоени облаци
7/4°C
облаци
8/4°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?