Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

35. „Марш за ангелите“: За претстојните празници нека има мир во домовите, љубов меѓу луѓето и иднина во која никој нема да го живее она што ние го живееме

автор: Т. Ајтовски
27 декември, 2025 17:58
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
35. „Марш за ангелите“: За претстојните празници нека има мир во домовите, љубов меѓу луѓето и иднина во која никој нема да го живее она што ние го живееме

Ние, родителите, носиме болка што не се опишува со зборови, болка од последниот повик и од сознанието дека нашите деца умирале во ужас, во чад, во страв, оставени без заштита, без одговорност, без спас, рекоа родителите на загинатите во клубот „Пулс“ на 35. „Марш за ангелите“ што се одржа во Кочани.

Колоната што во 14 часот и 5 минути тргна од Паркот на Револуцијата и се упати кон Трговскиот центар, Управата за јавни приходи, Полициската станица и Основниот суд, запираше на неколку места на коишто од семејствата на настраданите упатија лични пораки до своите деца во пресрет на претстојните празници.

-Пред Нова година и Божиќ, кога светот се радува, кај нас празниците болат најмногу. Ние ги броиме празните столчиња, палиме свеќи таму каде што требаше да светат елки. Кај нас нема честитки — има солзи, нема желби — има прашања без одговор. И не тагуваме само за нашите деца, тагуваме и за нашите внучиња, деца што останаа без родители. Деца што ќе растат без мајчина прегратка, без татков глас. Деца што никогаш нема да ги запознаат своите мајки и татковци, затоа што им беа одземени пред да можат да ги изговорат тие зборови. Нашите деца не загинаа во несреќа. Тие беа затворени во простор што се претвори во гасна комора. Жртви на корупција, жртви на негрижа, жртви на систем што не заштитува, туку убива. И за крај на оваа најтешка година, во пресрет на новогодишните и божиќните празници кога светот си посакува среќа, здравје и радост, ние, родителите на загинатите деца, ви посакуваме пред сè — човечност. Посакуваме да ги прегрнете своите деца малку посилно. Да ги погледнете подолго. Да им кажете „те сакам“ уште еднаш повеќе. Затоа што ние таа можност ја немаме. Нека овие празници ве потсетат дека животот е кревок, дека децата се најголемото богатство и дека молкот пред неправдата е соучество, истакна Васка Стојанова, чиј син единец настрада во „Пулс“.

Семејствата на загинатите им порачаа на сите граѓани кога ќе ги запалат новогодишните  светилки, да светнат и совеста и одговорноста, а ако веќе си посакуваат подобра година, таа да биде година на вистина, правда и грижа за секое дете.

На крајот, честитајќи ги новогодишните празници, иако со скршени срца, посакаа мир во домовите, љубов меѓу луѓето и иднина во која ниедна мајка и ниеден татко нема да го живеат она што тие го живеат.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: дискотека „пулс“здружение на граѓани „16 март 2025 - кочани“трагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Илијев: Зошто во предизборната кампања никој од кандидатите за градоначалници во општините не зборува за подобрување на противпожарната заштита?
Кочани

Пожарникари од ДПД – Кочани станаа дел од Тимот за брз одговор за пожари на отворено

автор: Т. Ајтовски
22 јануари, 2026 17:12
0

16 членови на Доброволното противпожарно друштво - Кочани станааа дел од Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено што работи во состав на Дирекцијата за заштита...

прочитај повеќе
Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица
Кочани

Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица

автор: Т. Ајтовски
21 јануари, 2026 12:57
0

Здружението „16 март 2025 - Кочани“ упати јавна реакција против постапките што се поведени против деца и млади по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“. Во реакцијата се оценува...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 23, 2026 - пет
Кочани, MK
4°C
облачно
облачно
1 m/s, NE
88%
753.81 mmHg
fri01/23 sat01/24 sun01/25 mon01/26 tue01/27
облачно
6/4°C
облаци
8/4°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?