Општинска организација на Црвен крст – Кочани денеска ја реализираше првата крводарителска акција во 2026 година на која беа собрани 47 крвни единици.
Акцијата се спроведе во соработка со екипа на Институтот за трансфузиона медицина – Штип во просториите на кочанскиот Црвен крст.

-Годинава, според Годишниот план за реализација на крводарителски акции, предвидено е да се реализираат 20 крводарителски акции, 12 редовни во просториите на Црвен крст – Кочани, три во Одделението за внатрешни работи – Кочани, две младински крводарителски акциии, една граѓанска – седмосептемвриска акција и една со компанијата „Руен Инокс Автомобиле“. Во план е да се спроведат и други акции со компании од приватниот сектор. Благодариме на сите крводарители кои се вклучуваат во нашите акции и придонесуваат за обезбедување доволно количество на крв и крвни резерви, соопштија од Црвен крст – Кочани.

На акцијата крв даруваа 11 лица до 30-годишна возраст и еден првократен крводарител. Во 2025 година на локално ниво собрани се вкупно 1.037 крвни единици.
Граѓаните може да даруваат крв секој последен четврток во месецот во Црвен крст – Кочани или секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина во Општата болница во Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






