Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

80-тина учесници на натпреварите во планинско трчање и брзо одење со планинарски стапчиња што ги организираше КПС „Осоговски орел“

автор: Т. Ајтовски
22 јануари, 2024 14:06
во Кочани, Спорт
време на читање: 3 мин.
A A
80-тина учесници на натпреварите во планинско трчање и брзо одење со планинарски стапчиња што ги организираше КПС „Осоговски орел“

На падините на Осоговските Планини во неделата се одржаа првите натпревари во одење со планинарски стапчиња Nordic snow trail и во планинско трчање Nebojani trail 2024, чиј организатор беше клубот за планинарски спортови „Осоговски орел“ од Кочани.

Зимските услови со снег и ниските температури не беа пречка настанот да помине според планираните содржини и маршрута.

Кружната патека на трката во планинско трчање, во должина од 19,5 километри, имаше стартна позиција од месноста Крушка во правец на селата Ново Село и Небојани и назад. Висинската разлика меѓу најниската и највисоката точка изнесуваше 900 метри, а според конфигурацијата на теренот натпреварувачите мораа да поминат повеќе угорнини и надолнини по обележана патеката што во најголем дел е земјена. Контролниот пункт беше во училиштето во село Небојани, каде имаше чај и освежителни пијалоци за натпреварувачите.    

На трката учествуваа 31 натпреварувач од повеќе градови во државата, а првото место во машка конкуренција го освои Златко Николов, кој патеката ја помина за 1 час и 44 минути, пред Никола Павлов и Срѓан Милошевски кои заостанааа две, односно три минути зад него.

Во женска конкуренција најбрза беше Марија Пеликон која истрча за 2 часа и 9 минути, второто место ѝ припадна на Валентина Узунова со 2 часа и 24 минути, а третопласирана беше Валентина Павловска која ја помина патеката за 2 часа и 31 минута.

Најмлад натпреварувач на трката беше седумгодишната Марта Ивановска, а најстар учесник беше 72-годишниот Бале Брзи. За нив, како и за најдобрите на трката организаторот обезбеди награди и признанија.

Трката во брзо одење со планинарски стапчиња Nordic snow trail 2024 се реалзираше на истата маршрута од 19,5 километри, имаше ревијален карактер и за неа беа пријавени 52 учесници во машка и женска конкуренција. На сите натрпеварувачи кои успешно ја завршија им беа доделени признанија.

Во рамки на настанот имаше организирана забава со диџеј, ручек и освежителни пијалоци, како и придружни содржини со велосипедска тура, а беа поделени флаери со едукативни содржини за промоција на планинарењето.

Реализацијата на двете трки беше со поддршка од бизнис сектрот од Кочани и регионот, за што членовите на КПС „Осоговски орел“ упатија посебна благодарност, при што беше најавено дека настанот ќе стане традиционален.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: клуб за планинарски спортови „осоговски орел“кочанипланинарство

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра
Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра

автор: Т. Ајтовски
13 март, 2026 13:43
0

Со посетата на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николовски, во Кочани денеска беше означен почетокот на голем инвестициски циклус кој ветува...

прочитај повеќе
Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
14°C
слаб дожд
слаб дожд
3 m/s, SW
50%
756.81 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
слаб дожд
14/7°C
неколку облаци
14/3°C
неколку облаци
13/6°C
облачно
13/8°C
слаб дожд
9/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?