Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Новогодишни пакетчиња за учениците во ОУ „Малина Попиванова“, им ги поделија моторџиите од „Стронг Рајдерс“ во улога на Дедо Мраз

автор: Т. Ајтовски
27 декември, 2024 17:48
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Новогодишни пакетчиња за учениците во ОУ „Малина Попиванова“, им ги поделија моторџиите од „Стронг Рајдерс“ во улога на Дедо Мраз

Со татнежот на моторите, во рамки на активноста „Дедо Мраз на мотор“, денеска членовите на мото клубот „Стронг Рајдерс“ од Кочани стигнаа во дворот на ОУ „Малина Попиванова“ за да им поделат новогодишни пакетчиња на сите ученици од прво до петто одделение.

Пакетчињата се обезбедни со донации, а во акцијата учествуваа сите моторџии чија главна цел беше да им ги разубават претстојните празници на децата и на необичен начин да предизвикаат радост и насмевка на нивните лица. Идејата беше целосно успешна и сите ученици добија новогодишен подарок, за што од училиштето упатија благодарност до Мото клубот и до донаторите.

-Беше договорено да ги изненадиме децата и малце на поинаков начин да ја почувствуваат новогодишната атмосфера. Во училиштето имаме околу 260 ученици од прво до пето одделение и сите добија пакетчиња, истакна директорот на ОУ „Малина Попиванова“, Благој Петров.

Во донирањето на пакетчињата се вклучија Општина Кочани и книжарницата „Рики Јуниор“, а членовите на „Стронг Рајдерс“ најавија дека обезбедиле уште 1.500 пакетчиња за сите дечиња од Кочани и ќе им бидат поделени в недела во Паркот на Револуцијата.

Од ОУ „Малина Попиванова“ истакнаа дека освен изненадувањето за учениците со новогодишните пакетчиња, реализирани се и неколку активности во училишната зграда за подобрување на условите за настава и работа.

-Веќе е завршено реновирањето на училишната спортска сала, со комплетно стругање, лакирање и промена на паркетот каде што беше оштетен. Таа е ставена во функција и со тоа ќе имаме подобри услови за спортските настани. Исто така, во училиштето го опремивме кабинетот по информатика, каде се набавени 15 нови десктоп компјутери заедно со сервер, комплетна мрежна опрема за поврзување. Во ходникот видовте и нови столчиња, а тоа е деп од активностите за комплетно реновирање на целата канцеларија за наставниците и за стручните служби, ќе се обноват подот и вратите, и се надевам дека со почетокот на второто полугодие тие ќе дојдат во нови простории, додаде Петров.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: мото клуб „стронг рајдерс“ - кочаниновогодишни пакетчињаоу „малина попиванова“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра
Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра

автор: Т. Ајтовски
13 март, 2026 13:43
0

Со посетата на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николовски, во Кочани денеска беше означен почетокот на голем инвестициски циклус кој ветува...

прочитај повеќе
Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
12°C
облаци
облаци
0 m/s, NNW
62%
756.81 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
-/9°C
неколку облаци
14/3°C
неколку облаци
13/6°C
облачно
12/8°C
снег
5/3°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?