Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Во Кочани се одржа собир за поддршка и ослободување на притворените од обезбедувањето во дискотеката „Пулс“ и верска молитва за повредените и починатите во пожарот

автор: Т. Ајтовски
18 март, 2025 21:21
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Во Кочани се одржа собир за поддршка и ослободување на притворените од обезбедувањето во дискотеката „Пулс“ и верска молитва за повредените и починатите во пожарот

Во Паркот на Револуцијата во Кочани вечерва се одржаа два собира на кои присуствуваа голем број граѓани и роднини на настраданите во трагичниот пожар.

На едниот собир, под мотото „Слобода за нашите херои“, беше побарано ослободување на притворените лица од обезбедувањето во дискотеката, кои учествувале во извлекувањето и спасувањето на повредените од огнената стихија.

-Сакаме да изразиме најдлабоко сочувство до семејството на сите починати и да им посакаме побрзо оздравување сите кои во моментов се наоѓаат клиниките кај нас и во светот. На овој собир сакаме да изразиме и почит кон оние луѓе кои помагаа да се спасат колку што може повеќе деца. Овде го вклучуваме и возачот Иле во Итната медициснка помош, кој се борел да ги превезе и да ги спаси децата, а подоцна легнал да спие и не се разбудил. Исто така, им благодариме на сите други, меѓу кои се и нашите сопрузи и браќа, дел од нив веќе не се меѓу нас, кои помагале во спасувањето. Ние ги нарековме наши херои затоа што да не беа тие ќе имаше уште многу загинати, истакна Наталија Ѓоргиева, учесничка на собирот.

-После сѐ што ни се случи ни требаат психијатри да им помогнат на овие семејства и деца. За лицата од обезбедувањето тврдиме дека ако не беа тие ќе имавме 300 жртви. Тие си ги жртвуваа животите, спасија многумина и сега терба да се во болница, наместо да бидат во притвор. Срамно и жално е тие да бидат виновници, затоа што ако се борите против нив, не се борите против митото  и корупцијата, затоа што знаеме дека тие се во институциите и знаеме во кои. Ако се искрени сите надлежни треба да почнат да се справуваат каде што треба, наместо да удираат по хероите, рече Влатко Здравков, учесник на собирот.

На вториот собир митриполитот брегалнички Иларион во сослужение со свештеници од кочанската епархија одржа молитва за спокој на душите на загинатите и за побрзо оздравување на повредените во трагедијата.

-Се молиме на Бога да ги прими душите на починатите во рајските населби кај светителите и ангелите, а сите ние со нашите молитви и мисли да бидеме насочени кон нив и смирено и достоинствено да ги испратиме во вечноста. Исто така, да се помолиме неговата милост да се покаже кон нашите болни, што побрзо да добијат исцеление, побрзо да ни се вратат и да бидеме заедно во овоземниот живот. Да ги утешуваме родителите на починатите, затоа што во ова време ни треба трпение, смирение, покјание и љубов, едни со други да си помогнеме, истакна митрополитот Иларион.

Митрополитот ги повика граѓаните да присуствуваат на молитвите за загинатите и повредените што се одржуваат во православниот храм „Св. Георгиј“, како и на заедничкиот погреб што ќе се одржи в четврток на Градските гробишта.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: кочанипожарсобир

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Јавна трибина на 12 јануари за иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје
Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ ја доби одлуката за просторот во Стар парк за уредување на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“

автор: Т. Ајтовски
9 февруари, 2026 15:21
0

Здружението „16 март 2025 Кочани“ ја доби писмената одлука од Општина Кочани со која се доделува простор во Стар парк за уредување на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“ посветено...

прочитај повеќе
Хуманитарен натпревар во чест на загинатите во „Пулс“ одиграа фудбалерите на „Осогово“ и скопски „Вардар“
Кочани

Хуманитарен натпревар во чест на загинатите во „Пулс“ одиграа фудбалерите на „Осогово“ и скопски „Вардар“

автор: Т. Ајтовски
7 февруари, 2026 18:41
0

Фудбалерите на ГФК „Осогово“ беа домаќини на хуманитарен натпревар што денеска на стадионот „Никола Мантов“ го одиграа со ФК „Вардар“ од Скопје во чест на загинатите во трагичниот...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 9, 2026 - пон
Кочани, MK
9°C
слаб дожд
слаб дожд
1 m/s, ESE
83%
756.06 mmHg
mon02/09 tue02/10 wed02/11 thu02/12 fri02/13
-/8°C
слаб снег
6/5°C
облачно
7/5°C
облачно
10/7°C
слаб дожд
8/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?