Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Заврши програмата за млади во Кочани „Лето во друштво“

автор: Администратор
23 август, 2025 08:41
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Заврши програмата за млади во Кочани „Лето во друштво“

Со изложба на фотографии од одржаните настани, поставена во Градскиот парк во Кочани, завршија активностите наменети за млади од програмата „Лето во друштво“, чиј носител во изминатите две недели беше Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“ од Скопје.

– Ниедна помош во овој период нема толку силно значење како што е оваа, од Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“, кој претходните две недели им се посвети на младите и на нивното закрепнување по трагедијата што ни се случи во Кочани. Нашиот главен фокус е кон луѓето, нашите напори се насочени кон младите, на кои им треба креативно канализирање на нивната енергија, рече пред присутните в. д. градоначалникот Венко Крстевски.

Изразувајќи благодарност кон сите учесници на настаните и на волонтери од Локалниот младински совет – Кочани, претставниците на „Малинска“ им доделија сертификати.

Лина Ќостарова-Унковска, директорката на Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“, истакна дека замислата на програмата „Лето во друштво“ е поврзувањето на луѓето, поддршка во процесот на заздравување со настојување тагата по загубените во трагедијата да се трансформира во надеж.

Настанот во Градскиот парк заврши со ритуал во сеќавање на починатите во несреќата. Во програмата за млади „Лето во друштво“ учествуваа 33 професионалци – актери, режисери, спортисти, психолози, фотографи, уметници…, сите на доброволна основа, без паричен надоместок, сѐ со цел да им помогнат на младите и на сите граѓани на Кочани и микрорегионот.

Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“ во средината на јуни годинава во Кочани го организираше престојот на седумчлена делегација од Гетеборг, Шведска. Во тимот имаше социјални работнички, пожарникари и преживеани од сличен пожар во дискотека што се случил во клуб во шведскиот град. На семејствата на настраданите и на граѓаните на Кочани тие им ги пренесоа сопствените искуства од заздравувањето и рехабилитацијата по несреќата 27 години подоцна.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: кочанитрагедија кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Јавна трибина на 12 јануари за иницијативата на Здружението „16 март 2025 – Кочани“ за определување локација за спомен-обележје
Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ ја доби одлуката за просторот во Стар парк за уредување на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“

автор: Т. Ајтовски
9 февруари, 2026 15:21
0

Здружението „16 март 2025 Кочани“ ја доби писмената одлука од Општина Кочани со која се доделува простор во Стар парк за уредување на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста“ посветено...

прочитај повеќе
Хуманитарен натпревар во чест на загинатите во „Пулс“ одиграа фудбалерите на „Осогово“ и скопски „Вардар“
Кочани

Хуманитарен натпревар во чест на загинатите во „Пулс“ одиграа фудбалерите на „Осогово“ и скопски „Вардар“

автор: Т. Ајтовски
7 февруари, 2026 18:41
0

Фудбалерите на ГФК „Осогово“ беа домаќини на хуманитарен натпревар што денеска на стадионот „Никола Мантов“ го одиграа со ФК „Вардар“ од Скопје во чест на загинатите во трагичниот...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 9, 2026 - пон
Кочани, MK
9°C
слаб дожд
слаб дожд
1 m/s, ESE
83%
756.06 mmHg
mon02/09 tue02/10 wed02/11 thu02/12 fri02/13
-/8°C
слаб снег
6/5°C
облачно
7/5°C
облачно
10/7°C
слаб дожд
8/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?