Државната изборна комисија денеска одржа редовна седница на која беа извлечени редните броеви под кои кандидатите за градоначалници и кандидатските листи за советници ќе бидат впишани на гласачкото ливче.
Официјално се потврдените шесте кандидатури за градоначалник на Кочани и девет кандидатски листи за членови на општинскиот Совет.
Според ждрепката кандидатите за градоначалници ги добија следните редни броеви:
- Венко Крстевски од Група избирачи – 57
- Владко Грозданов од коалиција ВМРО-ДПМНЕ – 9
- Игор Христов коалција на СДСМ – 5
- Жаклина Филипова Свеќароска од партија Левица – 6
- Зоран Тодоров од Група избирачи – 71
- Даниел Глигоров од партија Единствена Македонија – 12
Кандидатските листи за советници во Општина Кочани на гласачкото ливче ќе бидат со следните редни броеви:
- Благица Сабовљевиќ Стоименова од Група избирачи – 73
- Аки Акиов од Група избирачи – 98
- Влатко Здравков од Група избирачи – 85
- Благој Илиевски од политичка партија ГРИН – 25
- Суад Мехмед од политичка партија ЗНАМ – 2
- Александар Андов од коалиција на ВМРО-ДПМНЕ – 9
- Александра Коцева од коалиција на СДСМ – 5
- Ванчо Мишовски од политичка партија Левица – 6
- Александра Христова од коалиција „Искуство за успех“ на ЛДП – 1
Редните броеви за кандидатите за градоначалник и на листите за советници што беа извлечени на седницата ќе се најдат на рекламниот материјал, како и на гласачкото ливче за Локалните избори во октомври.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






