Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

25. „Марш за ангелите“: Со прифатениот обвинителен акт ја изгубивме и последната надеж дека ќе ја видиме правдата, дали треба да платиме за да ја добиеме

автор: Т. Ајтовски
4 октомври, 2025 17:31
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
25. „Марш за ангелите“: Со прифатениот обвинителен акт ја изгубивме и последната надеж дека ќе ја видиме правдата, дали треба да платиме за да ја добиеме

Семејствата на починатите во трагичниот пожар во клубот „Пулс“ денеска во Кочани го организираа 25. „Марш за ангелите“ на кој истакнаа дека Јавното обвинителство им ја одзело и последната надеж дека ќе добијат правда за своите најмили, откако целосно е прифатен поднесениот обвинителен акт.

Нагласија дека наместо вистина и целосна одговорност за случајот, видливи се пропусти и прикривања, а родителите на загинатите се принудени сами да го анализираат обвинението и да укажуваат на грешките.

Колоната на Маршот, што со транспаренти во рацете ја предводеа татковците на настраданите, тргна од Паркот на Револуцијата кон Трговскиот центар, Управата за јавни приходи и кон Полициската станица, а оттаму се упати пред Основното јавно обвинителство и Основниот суд во Кочани. Во обраќањето кон јавниот обвинител Коцевски, додадоа дека тоа претставува јасен доказ оти правдата не е на страната на жртвите, туку на страната на виновниците.

-Особено е поразително што дел од осомничените се со мерки на претпазливост. Секојдневно сме приморани да ги гледаме како се движат слободно низ нашите маала, како да ништо не се случило. Тие лица, кои си ја купија својата „слобода“ со пари, живеат без никакви ограничувања, додека ние – жртвите – сме осудени на доживотна болка и загуба. Прашуваме што ќе биде со тие лица, дали правдата важи само за оние кои немаат пари и врски и дали и ние треба да „платиме“ за да ни се вратат нашите деца? Ова е навреда за правдата и за целиот правен систем. Вашата должност е да обезбедите еднаков третман пред законот, а не да создавате систем во кој богатите и влијателните се неприкосновени. Свесни сме дека постојат уште докази против други лица кои намерно не ги изнесувате. Со тоа не само што ја нарушувате правдата, туку и сторувате кривично дело, согласно Кривичниот законик. За тоа ќе има одговорност, истакна Мита Тасева, мајка чиј син загина во трагичниот пожар.

Во обраќањето кон јавниот обвинител, родителите нагласија дека се сомневаат за постапките кои се резултат на силен политички или друг вид притисок од лица кои стојат зад овој случај.

-Бараме целосно презентирање на сите докази, јавна одговорност за пропустите во обвинителниот акт,  проширување на обвинението и кон другите вмешани лица и итно преиспитување на решението за домашен притвор и обезбедување еднаков третман за сите осомничени. Дали Вие, Премиерот, Претседателката на Републиката, Претседателот на Собранието, Претседателот на Судскиот совет и сите носители на највисоки функции – досега не се запрашавте дека од 16.03.2025 година повеќе немате функција? Вие имате мисија! Мисија дали оваа држава ќе постои или ќе ја снема! Затоа што држава без вистински правен поредок, без здравствен систем кој го спасува животот на граѓаните, без образование кое гради иднина – тоа не е држава! Историјата нема да ве праша кои функции сте ги извршувале, туку дали ја исполнивте мисијата да ја сочувате државата и да го вратите достоинството на нејзините граѓани. Изборот е ваш – дали ќе бидете гробари на државата или нејзини спасители. Нашите деца заслужуваат правда. Ние нема да молчиме и нема да се помириме, додаде Тасева.

Во знак на незадоволство од тоа како се одвива целата постапка за случајот, учесниците на Маршот десетина минути ја блокираа крстосницата кај двојниот мост, а во украсните растенија на кружниот тек оставија дел од транспарентите со испишани пораки.

Маршот за ангелите заврши на почетната позиција во Паркот на Револуцијата.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: јавно обвинителстводискотека „пулс“основен кривичен суд - скопјетрагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Илијев: Зошто во предизборната кампања никој од кандидатите за градоначалници во општините не зборува за подобрување на противпожарната заштита?
Кочани

Пожарникари од ДПД – Кочани станаа дел од Тимот за брз одговор за пожари на отворено

автор: Т. Ајтовски
22 јануари, 2026 17:12
0

16 членови на Доброволното противпожарно друштво - Кочани станааа дел од Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено што работи во состав на Дирекцијата за заштита...

прочитај повеќе
Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица
Кочани

Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица

автор: Т. Ајтовски
21 јануари, 2026 12:57
0

Здружението „16 март 2025 - Кочани“ упати јавна реакција против постапките што се поведени против деца и млади по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“. Во реакцијата се оценува...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 23, 2026 - пет
Кочани, MK
9°C
одвоени облаци
одвоени облаци
1 m/s, SW
73%
753.81 mmHg
fri01/23 sat01/24 sun01/25 mon01/26 tue01/27
одвоени облаци
8/4°C
облаци
8/4°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?