Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Отворена изложбата на карикатури на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница вертитас“, првата награда за најдобра карикатура за Олексеј Кустовски од Украина

автор: Т. Ајтовски
24 октомври, 2025 21:06
во Кочани, Регион
време на читање: 3 мин.
A A
Отворена изложбата на карикатури на Фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница вертитас“, првата награда за најдобра карикатура за Олексеј Кустовски од Украина

Пред свеченото отворање на Фестивалот на хумор и сатира „Ин Виница веритас 2025“, во фоајето на Домот на културата „Тошо Арсов“ беше отворена изложбата на педесетина избрани карикатури, во рамки на овогодишниот меѓународен конкурс.

Темата на која што работеа авторите беше „Кој последен се смее…“, а на конкурсот над 550 карикатури испратија 230 карикатуристи од 46 земји во светот.  Жири комисијата на Фестивалот одлучи првата награда за најдобра карикатура годинава да ја добие Олексеј Кустовски од Украина, второнаграден е Дарко Дрљевиќ од Црна Гора, а третата награда ја доби Фан Линтао од Кина.

-Во време кога светот често е сериозен, карикатурата нѐ потсетува дека смеата е најумниот начин да се каже вистината. Токму поради тоа, преку Фестивалот „Ин Виница веритас“, Виница стана име препознатливо и на меѓународната сцена. Карикатурата зборува и таму каде што зборовите замолкнуваат, таа не суди, туку потсетува, не напаѓа, туку ослободува. И можеби токму оној кој последен се смее е оној кој ја разбрал суштината на животот, истакна Благица Стојанова од Домот на културата „Тошо Арсов“ – Виница.

На отворањето на изложбата на карикатури присутните ги поздрави еден од основачите на Фестивалот, сатиричарот Миле Ѓорѓијоски од Делчево, кој нагласи дека родум е од Кичево, но токму поради „Ин Виница веритас“ чувствува потреба за неформално местожителство во Виница.

-Јас сум еден од тие што се осмеливме во 1993 година да го започнеме фестивалот за хумор и сатира „Ин Виница веритас“. На мене сигурно не се познава дека сум толку стар, тогаш имав триесетина години кога го почнавме овој фестивал и да ми речеше некој тогаш дека по 42 години ќе бидам тука, во Виница и дека повторно ќе присуствувам на едно отворање, ќе се насмеев и ќе речев – дај Боже да се случи. Јас сум тука нон-стоп и се чувствувам како виничанец, иако живеам во Делчево, а сум од Кичево, се сменија „три држави“ – Кичево, Делчево и Виница и користам тука да ургирам барем една неважечка лична карта Виница да ми даде, да се чувствувам како виничанец, истакна Ѓорѓијоски.

На отворањето на изложбата на карикатури со музичка точка настапија и младите ученички во школата за гитара во Домот на културата „Тошо Арсов“, кои исполнија обработка на македонска традиционална песна.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: дом на културата „тошо арсов“ - виницаин виница веритаскарикатурифестивал за хумор и сатира

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ЈПКД „Облешево“ достави барање до Регулаторната комисија за енергетика за утврдување тарифи за водните услуги за периодот 2025-2027 година
Регион

Нови инвестиции во Чешиново-Облешево: Потпишан договор за проширување на капацитетите на градинката „Ѕвездички“

автор: Т. Ајтовски
19 март, 2026 19:15
0

Општина Чешиново-Облешево презема значајни чекори за подобрување на социјалната и спортската инфраструктура. Главниот фокус е ставен на унапредување на предучилишното образование преку договор за грант од Министерството за...

прочитај повеќе
Општина Чешиново-Облешево ќе подигне спомен-обележје за децата загинати во трагедијата во „Пулс“
Регион

Општина Чешиново-Облешево ќе подигне спомен-обележје за децата загинати во трагедијата во „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
19 март, 2026 18:47
0

На осмата редовна седница на Советот на Општина Чешиново-Облешево, која започна со минута молчење по повод годишнината од пожарот во дискотеката „Плус“, советниците едногласно донесоа низа одлуки за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 20, 2026 - пет
Кочани, MK
10°C
облачно
облачно
3 m/s, NE
43%
757.56 mmHg
fri03/20 sat03/21 sun03/22 mon03/23 tue03/24
облачно
10/7°C
облачно
11/4°C
одвоени облаци
13/4°C
облачно
12/7°C
одвоени облаци
12/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?