Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

29. „Марш за ангелите“: Обвинети ги прекршуваат законските мерки и имаат средби со оштетени, ако за една недела нема одговор од Обвинителството ќе има посилни и поорганизирани акции

автор: Т. Ајтовски
8 ноември, 2025 16:29
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
29. „Марш за ангелите“: Обвинети ги прекршуваат законските мерки и имаат средби со оштетени, ако за една недела нема одговор од Обвинителството ќе има посилни и поорганизирани акции

Родителите на загинатите во трагeдијата во клубот „Пулс“ јавно реагираа до Јавното обвинителство поради тоа што обвинети оствaруваат средби со оштетени лица со што можат директно да влијаат врз постапката.

Во обраќањето на 29. „Марш за ангелите“, што денеска се одржа во Кочани, родителите нагласија дека имаат докази за своите тврдења за што и јавноста била сведок.

-Пред точно три недели до вашата институција доставивме доказен материал — фотографии и видеа кои jacнo покажуваат како осомничениот, поранешниот градоначалник Ратко Димитровски и оштетеното лице седат заедно, со што е прекршена мерката на претпазливост. И покрај тоа, три недели подоцна, сѐ уште немаме никаков одговор. Ниту реакција, ниту преземена мерка, ниту барем знак дека некој воопшто се грижи за вистината и за правдата на нашите деца. А денес, повторно поднесовме нов доказ — фотографија и информација за нова средба, овојпат помеѓу осомничениот градежен инспектор Николчо Гоцев и оштетеното лице. Овој настан сериозно нѐ загрижува, бидејќи претставува уште едно прекршување на мерките и создава реална опасност да се влијае врз сведоците и оштетените, да се создаде притисок и страв, и да се загрози целата постапка и нејзината правичност. Кога се случи оваа трагедија, ни беше ветено дека Обвинителството ќе стои зад нас, дека ќе бидеме заедно во борбата за вистината и правдата. Ако во рок од една недела не добиеме jасен и конкретен одговор за преземените мерки по доставените докази, родителите се подготвени да преземат посилни јавни и организирани акции. Тоа значи интензивирање на мирните активности – организирани маршеви, jавни собири и други видови мирни, енергични мерки за да jа побараме правдата што ни следува, истакна Васка Лазарова, чиј син Андреј загина во трагедијата.

Родителите нагласија дека никогаш не барале насилство, туку инсистираат на мирни и законски начини за изразување на незадоволството. Затоа, јавно ги повикаа правосудните органи да постапат по доставените докази и да не дозволат незаинтересираноста или молкот да придонесат мирните маршеви да прераснат во масовни протести и блокади.

„Маршот за ангелите“ се одвиваше по вообичаената рута, од Паркот на Револуцијата кон Трговскиот центар и Управата за јавни приходи, а оттаму пред Полициската станица во Кочани. На кружниот тек кај двојниот мост имаше десетминутна блокада на сообраќајот, по што колоната продложи кон Основниот суд и Јавното обвинителство, а заврши на почетната позиција.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: јавно обвинителстводискотека „пулс“трагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

пошумување на локалитетот Пресечена Скала
Кочани

Членовите на КПС „Осоговски орел“ засадија 300 багреми во чест на настраданите во „Пулс“ меѓу кои беа и двајца планинари

автор: Т. Ајтовски
14 март, 2026 18:58
0

Со цел обновување на шумскиот фонд и оддавање почит на своите прерано заминати колеги, Клубот за планински спортови „Осоговски орел“ од Кочани денеска спроведе успешна акција за пошумување....

прочитај повеќе
Во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ се одржа архиерејска литургија за упокоените од пожарот во „Пулс“
Кочани

Во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ се одржа архиерејска литургија за упокоените од пожарот во „Пулс“

автор: Администратор
14 март, 2026 10:20
0

Со света архиерејска литургија и општ парастос за упокоените, утрово во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ започна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар што го потресе Кочани. Со верските...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 15, 2026 - нед
Кочани, MK
3°C
одвоени облаци
одвоени облаци
2 m/s, ENE
79%
757.56 mmHg
sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18 thu03/19
одвоени облаци
14/3°C
чисто небо
14/6°C
одвоени облаци
14/7°C
снег
7/4°C
облачно
10/2°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?