Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

32. „Марш за ангелите“: Судскиот процес стана „Струшки вечери на поезијата“ – адвокатите рецитираат дека нивните клиенти не се виновни и никој не знаел дека постоел „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
6 декември, 2025 16:16
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
32. „Марш за ангелите“: Судскиот процес стана „Струшки вечери на поезијата“ – адвокатите рецитираат дека нивните клиенти не се виновни и никој не знаел дека постоел „Пулс“

Овде не сме од инает, ниту од политика, туку затоа што болката не нè напушта, затоа што правдата сè уште ја нема, а љубовта кон нашите деца е посилна од стравот, рекоа родителите на загинатите во пожарот во клубот „Пулс“ на денешниот 32. „Марш за ангелите“ во Кочани.

Колоната што тргна од Паркот на Револуцијата и помина низ Трговскиот центар, покрај Управата за јавни приходи и Полициската станица, се упати кон Јавното обвинителство и Основниот суд. Таму родителите упатија критика што осомничените ја отфрлаат вината за трагедијата и одговорноста ја префрлаат на друг.

-Веќе две рочишта по ред гледаме и слушаме исто сценарио. Адвокатите на осомничените, во своите воведни говори, рецитираат и повторуваат дека нивните клиенти не се виновни. Со убави реченици, со подготвени фрази, како да се на културна манифестација, а не во судница каде се суди за животите на 63 деца. А ние, родителите на убиените деца, го слушаме тоа со солзи, со гнев и со немоќ. Секој нивен збор е нов удар по нашите срца. Нашата болка не е теорија – таа е секојдневие. И затоа денес јавно прашуваме: Дали судницата се претвори во „Струшки вечери на поезијата“? Дали таму се оди за рецитирање или за вистина? Дали зборовите треба да ја покријат смртта на нашите деца, истакна Александар Наунов, чија ќерка загина во „Пулс“.

Во обраќањето до јавноста беше речено дека ако некој неупатен го следи судскиот прецес може да стекне впечаток дека пожар не се случил, дека децата не загинале, дека нема виновни или пак трагедијата била случајност.

-Јавното обвинителство објави дека во предметот постојат повеќе од 200 гигабајти доказен материјал – вештачења, разговори, аудио и видео снимки, извештаи, анализи. Тоа не се празни зборови. Тоа се факти. Тоа се трагите на одлуките и неодлуките. Тоа е патот на одговорноста. И покрај сето тоа, одбраната упорно тврди дека „никој не е виновен“. А уште пострашно е што денес слушаме нешто што ја навредува и здравата логика: дека никој од обвинетите не знаел дека во градот постоела дискотека, дека никоја институција немала надлежност, дека сите биле „ненадлежни“. Па се прашуваме гласно: А зошто тогаш се поставени тие луѓе? За што земале плата? Кој потпишувал? Кој контролирал? Кој молчел? Денес гледаме како сите ја префрлаат топката еден на друг, како сите бегаат од одговорност, како сите се обидуваат да се спасат себеси, а никој не застанува исправено пред вистината. Ние не бараме одмазда. Ние не бараме крв. Ние бараме само едно – правда. Не сакаме судење во стихови. Не сакаме судење во метафори. Сакаме судење во докази, факти и одговорност, додаде Наунов.

Семејствата на настраданите во трагедијата од март годинава рекоа дека го организираат маршот како апел државата да почне да функционира, институциите да не бидат празна форма, а функциите да не бидат само плата, туку и обврска. Додадоа дека нема да се откажат во барањето на правдата и ќе продолжат со протестните маршеви.

На крајот упатија благодарност до медиумите кои постојано ги следат нивните активности, информираат професионално и ја држат јавноста будна, за разлика од другите кои молчат, со што покажуваат што е вистинска новинарска работа, а што е пропаганда.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: дискотека „пулс“трагедија кочани„марш за ангелите“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Илијев: Зошто во предизборната кампања никој од кандидатите за градоначалници во општините не зборува за подобрување на противпожарната заштита?
Кочани

Пожарникари од ДПД – Кочани станаа дел од Тимот за брз одговор за пожари на отворено

автор: Т. Ајтовски
22 јануари, 2026 17:12
0

16 членови на Доброволното противпожарно друштво - Кочани станааа дел од Тимот за брз одговор (ТБО) за пожари на отворено што работи во состав на Дирекцијата за заштита...

прочитај повеќе
Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица
Кочани

Семејствата на загинатите во „Пулс“ реагираат против неоправданите судски постапки што се водат против млади лица

автор: Т. Ајтовски
21 јануари, 2026 12:57
0

Здружението „16 март 2025 - Кочани“ упати јавна реакција против постапките што се поведени против деца и млади по трагичниот настан во дискотеката „Пулс“. Во реакцијата се оценува...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јан 23, 2026 - пет
Кочани, MK
7°C
одвоени облаци
одвоени облаци
1 m/s, ESE
79%
754.56 mmHg
fri01/23 sat01/24 sun01/25 mon01/26 tue01/27
одвоени облаци
7/4°C
облаци
8/4°C
облачно
10/6°C
слаб дожд
9/7°C
облачно
11/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?