Нова, трета победа, забележа екипата „Социјални отпадоци“ на шестиот предновогодишен паб квиз што се одржа во ирскиот паб „Гинис“ во Кочани.
Со само шест погрешни од можни 35 точни одговори младите членови на екипата покажаа исклучително добро знаење, далеку пред конкурентите Забрањено пушење и Untouchables. Тоа беше доволно да ја освојат главната парична награда и скромно да го одбележат одличниот успех.

Огромен интерес за учество имаше за ова издание на паб квизот во Кочани, при што се пријавиле поголем број екипи, но поради ограничениот простор организаторите одлучија да учествуваат првите 18 пријавени екипи.

Вообичаено, за најдобрите имаше вредносни ваучери од домаќинот, ирскиот паб „Гинис“, а многу поважно од натпреварувањето беше дружењето и забавата, што покажува дека на градот му се потребни повеќе слични настани.
Од Паб квиз клубот Кочани се задоволни што интересот за ваков вид натпревар во знаење сѐ повеќе расте и ќе мора да се размислува за обезбедување можности за учество на поголем број екипи.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






