Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

225 милиони денари во инфраструктурата на Виница – отчет за едногодишниот мандат на градоначалникот Димитров

автор: Т. Ајтовски
7 ноември, 2018 18:01
во Регион
време на читање: 5 мин.
A A

– Во изминатава година извршивме целосна промена на водоводни азбесни цевки со полуетиленски на 12 улици со вкупна должина од 3698 метри. Во овој проект вложивме околу 6,5 милиони денари. Со помош на Министерството за транспорт и врски, кое вложи 14 милиони денари, го подобривме квалитетот на јавната водоводна мрежа во Виница, во иднина планирано е проширување на филтер станицата во градот на која треба да се приклучат сите 180 водомери од Лески на градскиот водовод. Ги поплочивме улиците “Крушевска Република“ и “Даме Груев“, повеќе краци од неколку улици во градот и тротоарот на излезот од Виница кон Берово. Поплочивме 5.450 метри квадратни со бекатон во градот и селата и инвестиравме 3,5 милиони денари. Ја подобруваме и патната градска инфрастриктура. Асфалтиравме и реновиравме 12 улици, а ги пополнивме и дупките на сите останати улици во општината. За оваа намена од буџетот на општината одвоивме 12 милиони денари. Го решаваме 10-годишниот проблем со водоснабдувањето на жителите во Лески. Ископани се 4 бунари кои треба да ги полнат капацитетите на постоечките резервоари. Извршена е санација на селски јаз под црквата “Св.Илија“ во Блатец. Пробиен е пат за пристапност до Маалска чешма во село Драгобраште, маало Криворамци. Изграден е потпорен ѕид во село Лаки. Направени се бушотина за вода за пиење во село Драгобраште, маало Чукарлии. Го решивме проблемот со бактериолошки неисправната вода за пиење во село Трсино. 730-те жители наскоро ќе добијат питка вода со проверен квалитет, рече Ивица Димитров, градоначалник на Општина Виница.

Во освртот за едногодишното работење, градоначалникот на Виница рече дека посебно внимание се посветува на унапредувањето на социјалната грижа и на подобрувањето на условите за младите. 

–За основците, со помош на Министерството за образование и наука, градиме нова спортска сала во рамки на училиштето „Славчо Стојменски“. Проектот е проценет на 25 милиони денари. Во подрачното основно училиште „Никола Парапунов“ во Трсино поставени се 32 фотоволтаични панели кои ќе ни заштедат енергија. На интернатската зграда за деца со посебни потреби во Блатец поставуваме енергетско ефикасни фасади и ја менуваме дрвенаријата. Вредноста на инвестицијата е 33.750 евра, средствата се обезбедени од УНДП. Нашите планови се да изградиме социјална зграда за лицата од ранливите категории. Овој проект е влезен во финансискиот план во Министерството за труд и социјална политика. Го помагаме и дневниот центар за лица со посебни потреби. На 22 студенти со низок социјален статус им доделивме стипендии во висина од 2.200 денари во времетраење од 9 месеци, додаде Димитров.

Димитров нагласи дека за развојот на спортот и унапредувањето на културата инвестирани се над 2,5 милион денари, а за одржување на комуналната хигиена и за набавка на ровокопач за комуналното претпријатие се инвестираат над 5 милиони денари. 

Градоначалникот на Виница потенцираше дека во изминатиот едногодишен период е намалена цената на водата за пиење и таа е најниска во државата.

Во моментот активностите на Општината се насочени кон изработка на детални урбанистички планови за повеќе локалитети, како и на техничка документација за кружен тек во централното градско подрачје и за реконструкција на кино салата.

Т. Ајтовски

 

 

{fshare}

©2018 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.
 
https://www.youtube.com/watch?v=8hiEgOdnFyA

{backbutton}

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ЈПКД „Облешево“ достави барање до Регулаторната комисија за енергетика за утврдување тарифи за водните услуги за периодот 2025-2027 година
Регион

Нови инвестиции во Чешиново-Облешево: Потпишан договор за проширување на капацитетите на градинката „Ѕвездички“

автор: Т. Ајтовски
19 март, 2026 19:15
0

Општина Чешиново-Облешево презема значајни чекори за подобрување на социјалната и спортската инфраструктура. Главниот фокус е ставен на унапредување на предучилишното образование преку договор за грант од Министерството за...

прочитај повеќе
Општина Чешиново-Облешево ќе подигне спомен-обележје за децата загинати во трагедијата во „Пулс“
Регион

Општина Чешиново-Облешево ќе подигне спомен-обележје за децата загинати во трагедијата во „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
19 март, 2026 18:47
0

На осмата редовна седница на Советот на Општина Чешиново-Облешево, која започна со минута молчење по повод годишнината од пожарот во дискотеката „Плус“, советниците едногласно донесоа низа одлуки за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 20, 2026 - пет
Кочани, MK
10°C
облаци
облаци
2 m/s, NNE
42%
758.31 mmHg
fri03/20 sat03/21 sun03/22 mon03/23 tue03/24
облаци
10/6°C
облачно
11/4°C
одвоени облаци
13/4°C
облачно
12/7°C
одвоени облаци
12/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?