Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Управата на ФК „Осогово“ со демант на Аксентиев по неговата оставка од тренерската позиција

автор: Администратор
12 јули, 2023 15:04
во Спорт
време на читање: 2 мин.
A A
Управата на ФК „Осогово“ со демант на Аксентиев по неговата оставка од тренерската позиција

По повод прес конференцијата на досегашниот тренер на ГФК „Осогово“, Ефтим Аксентиев како клуб сакаме да ја изнесеме и нашата страна и вистина, за јавноста да има јасна слика за тоа кој ја зборува вистината, бидејќи како клуб секогаш сме биле транспарентни за сè што се случува во нашиот градски миленик.

Најпрво, досегашниот тренер Ефтим Аксентиев нема ниту една фудбалска лиценца за да може да биде шеф на стручен штаб, почнувајќи од Ц, Б, А – која е потребна за втора фудбалска лига и ПРО лиценца, а со самото ова тој не ги исполнува условите за да биде назначен за шеф на стручен штаб на ГФК „Осогово“, а тоа ни го отежнува и лиценцирањето на клубот за да добиеме ,,виза”дека ги исполнуваме условите како клуб за да се натпреваруваме во Втората фудбалска лига.

Второ, да не заборавиме дека ГФК „Осогово“ не влезе во Втората лига како победник од бараж натпреварот кој го игравме, иако имавме екипа со најскапи играчи од сите екипи кои се натпреваруваа во сите региони на Третите лиги во тековната сезона. Напротив, од екипата на ФК „Тетекс“ изгубивме со висок резултат (6:1), а ние како клуб влеговме по пат на ждрепка и среќата која ја имавме како клуб на таа ждрепка.

Трето, кога разговараме за тоа Аксентиев да остане и понатаму шеф на стручен штаб јасно му беше предочено колкав е буџетот на клубот, условите и можностите кои ќе се доволни за нашите амбиции (опстанок во Втората фудбалска лига и пласман кон средината на табелата). Му беше дадена слобода да влезе во процесот на избор на играчи да ги одреди, а ние како управа да му помогнеме во процесот на тие трансфери за да бидат донесени играчите кои тој ги посакува.

Околу условите кои беа побарани, ако не беа исполнети немаше ниту да се започне со тренажен процес, а нашиот досегашен тренер ги започна подготовките, што значи се сложувал со условите кои ги има, а се нормални за клуб кој се натпреварува во Втората фудбалска лига.

Несогласувањата со Аксентиев настанаа откако тој има проблем со физичкото присуство на тренизите кои се попладне, бидејќи два дена во неделата тој има работни обврски и истите не може да ги води, а со тоа се нарушува континутетот на работа и дисциплина на тренинзите.

И покрај сè, ние сме му благодарни на сè што има направено за ГФК „Осогово“, и како играч и како тренер, и му посакуваме пред сè професионален развој, па потоа успешна тренерска кариера.

Ние како клуб веќе разговараме со неколку искусни тренерски имиња и потецијални кандидати за шеф на стручен штаб на клубот, после разделувањето со Аксентиев и во наредните неколку дена ќе го објавиме името на тренерот кој ќе го предводи нашиот градски клуб во иднина, а дотогаш помошниот тренер Јоже Јованов ги одржува тренизите со нашите играчи, што значи тренажниот процес не трпи во моментот.

ГФК „Осогово“ е клуб на секој граѓанин на Општина Кочани и никој не е над клубот, затоа треба заедно мотивирани да продолжиме да работиме во интерес на нашиот градски миленик.

Управа на ГФК „Осогово“

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: демантфк осогово

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Голем успех за карате клубот „Кочани“ на меѓународниот турнир „Фунакоши Гичин Опен 2026“
Спорт

Голем успех за карате клубот „Кочани“ на меѓународниот турнир „Фунакоши Гичин Опен 2026“

автор: Т. Ајтовски
7 март, 2026 18:37
0

Карате клубот „Кочани“ забележа извонреден резултат на меѓународниот карате турнир „Фунакоши Гичин Опен 2026“, на кој неговите членови се закитија со вкупно 18 медали. Натпреварот, кој беше организиран...

прочитај повеќе
Кикбоксерите на „Лидер“ од Виница освоија 12 медали на Државното првенство во Скопје
Спорт

Кикбоксерите на „Лидер“ од Виница освоија 12 медали на Државното првенство во Скопје

автор: Т. Ајтовски
5 март, 2026 14:40
0

Кикбокс клубот „Лидер“ од Виница имаше исклучително успешен настап на Државното првенство во кикбокс за сите возрасни категории, што во организација на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија се...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
8°C
неколку облаци
неколку облаци
2 m/s, SE
74%
757.56 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
-/8°C
неколку облаци
14/3°C
неколку облаци
13/6°C
облачно
12/8°C
снег
5/3°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?