Општинската организација на Црвен крст – Кочани ја почна кампањата за обуки по прва помош за учениците од основните училишта во општината.
Обуките се спроведуваат под мотото „Првата помош спасува живот“, а капмањата ќе се реализира во следните петт месеци. Предвидени се вкупно десет обуки во пет основни училишта во Кочани.

-Во текот на следните петмесечен период, до месец февруари ќе изреализираме десет предавања, односно по две предавања во петт основни училишта во градот Кочани и населбата Оризари. Обуката е наменета за основците од шесто до деветто одделение. Учениците на обуките ќе се запознат со првата помош како единствена животоспасувачка техника, за тоа како да укажат прва помош и како да препознаат состојби на кои треба да им се укаже прва помош. Предавањата ќе бидат спроведени од страна на лекари, демонстратори и волонтери во Општинската организација Црвен крст oд Кочани. Со самите обуки предвидено е да бидат опфатени 300 основци од училиштата, истакна Иле Матеничарски од Црвен крст – Кочани.
Целта на обуките што ги спроведува Црвениот крст е првата помош да се приближи до помладите лица, за тие навремено да реагираат во случај на несреќа.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






