Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

„Водовод“ ќе продава стари возила за да оствари приход од десетина илјади евра

автор: Т. Ајтовски
29 јануари, 2024 12:31
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
„Водовод“ ќе продава стари возила за да оствари приход од десетина илјади евра

КЈП „Водовод“ ќе продава дел од старите возила, што со години не се возна состојба и се оставени во стопанскиот двор. Управниот одбор и раководството на претпријатието оцениле дека се работи за дотраени основни средства и нивното евентуално сервисирање би чинело многу повеќе од употребната вредност или пак дека воопшто не можат да се поправаат. Поради тоа донесена е одлука возилата да се продадат, со што ќе се обезбедат дополнителни финансиски средства со кои ќе се подмират дел од тековните трошоци.

Според евиденцијата на возниот парк, на продажба ќе се понудат товарни возила, багери и една нисконосечка приколка. На последната седница на Советот на Општина Кочани беше побарана согласност да се реализира оттуѓувањето, при што од „Водовод“ беше дадено кратко образложение за доставеното барање.

-Се работи за расходувани возила, што се постари и се надвор од функција. Стари се по 20-30 години, па наместо да стојат и скапуваат во Стопански двор, бараме согласност да одат на јавна аукција и да се дојде до некој дополнителен денар. Процедурата е запазена, повикан е проценител кој направи стручна проценка, формирана е комисија, помината е одлуката на Управен одбор, сега бараме поддршка од Советот и очекуваме дека со тоа ќе дојдеме до 500-600 илјади денари, како дополнителни приходи. Ако не дадете согласност ќе се направи штета во толкав износ, истакна Перо Георгиевски, директор на КЈП „Водовод“.

Во дискусиите околу барањето согласност за продажба на возилата, советниците излегоа со оценка дека ваквата постапка укажува оти финансиската состојба во комуналното претпријатие е сериозно влошена, а потребно е оттуѓувањето да се направи внимателно.

-Дали ова е прв случај да се продаваат возила, мислам дека не е лесна состојбата. Да се дојде до продажба, а ниеден директор претходно тоа да не го направил, значи дека е многу тешка ситуацијата. Ќе бидеме конструктивни, но можеби нешто од тие возила може да се искористи за резервни делови, но ќе помогнеме за да можат и привремено вработените да земат плата, истакна Ивица Лазаров, член на Советот на Општина Кочани.

-Ќе дадам поддршка, но треба да се биде внимателен, затоа што некои возила ако се продадат како старо железо ќе се постигне повисока цена. Не знам каква штета ќе се направи ако не се продадат, тие возила ќе стојат и понатаму, ќе нема штета, нема никој да дојде да ги украде, ама ќе дадеме согласност, за да можат и привремените да земат плата, истакна Венко Крстевски, член на Советот на Општина Кочани.

По ваквите укажувања и забелешки, присутните советници на седницата дадоа едногласна поддршка за реализирање на продажбата. Притоа беше укажано дека јавните претпријатија немаат можност да го користат електронскиот систем за јавно наддавање со кој управува ЗЕЛС, поради што обврската за спроведување на постапката ќе ја преземе Комисијата за располагање со недвижен имот на Општина Кочани, во име и за сметка на „Водовод“.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: кјп „водовод“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра
Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра

автор: Т. Ајтовски
13 март, 2026 13:43
0

Со посетата на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николовски, во Кочани денеска беше означен почетокот на голем инвестициски циклус кој ветува...

прочитај повеќе
Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
10°C
облаци
облаци
1 m/s, NE
70%
756.81 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
-/8°C
неколку облаци
14/3°C
неколку облаци
13/6°C
облачно
12/8°C
снег
5/3°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?