Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Пожарот кај Соколарци ставен под контрола, огнената стихија зафати површина од над 250 хектари

автор: Т. Ајтовски
16 август, 2023 09:37
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Пожарот кај Соколарци ставен под контрола, огнената стихија зафати површина од над 250 хектари

По 10 часа интервенција ставен е под контрола пожарот во атарот на селата Соколарци, Врбица и Рајчани, што избувна вчера околу пладне.

Во гаснењето интервенираа екипите на Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво од Кочани, кои добија поддршка и од специјализираните авиони за гаснење пожари „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и хеликоптери на Министерството за внатрешни работи. Исто така, во гаснењето учествуваа и ТППЕ – Штип и ТППЕ – Свети Николе, вработени во ЈП „Национални шуми“, како и поголем број жители на околните села.

Според првичните проценки опожарена е површина од над 250 хектари, главно нискостеблеста шума и грмушки, но поради непристапноста на теренот и сувата трева, во опасност беа доведени манастирот „Св. Ѓорѓи“ кај Соколарци, неколку сточарски објекти, но и дел од куќите во селото Врбица. И покрај локализирањето на огнот, еден крак во текот на доцните вечерни часови се проширил во правец на пробиштипското село Бунеш, но со соодветна интервенција спречено е повторно разгорување на пожарот.

На теренот каде што се појави пожарот беше и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кој нагласи дека поради сувата трева огнот се разгорувал многу брзо, а ветерот помогнал огнот да се прошири на различни страни.

– Горат и трња, што се исто така лесно запаливи. Од тие причини, да не биде загрозено некое од локалните села, ангажирани се три „ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, а делуваа и два хеликоптера на Министерството за внатрешни работи, истакна Ангелов.

Од противпожарните единици, како и од надлежните служби и од Општина Чешиново-Облешево упатија апел до месното население за поголемо внимание при палење оган на отворен простор, за да се избегнат материјални штети и посериозни последици по здравјето и животот на луѓето.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: доброволно противпожарно друштво - кочанипожарсоколарцитериторијална противпожарна единица

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

ЈПКД „Облешево“ достави барање до Регулаторната комисија за енергетика за утврдување тарифи за водните услуги за периодот 2025-2027 година
Регион

Нови инвестиции во Чешиново-Облешево: Потпишан договор за проширување на капацитетите на градинката „Ѕвездички“

автор: Т. Ајтовски
19 март, 2026 19:15
0

Општина Чешиново-Облешево презема значајни чекори за подобрување на социјалната и спортската инфраструктура. Главниот фокус е ставен на унапредување на предучилишното образование преку договор за грант од Министерството за...

прочитај повеќе
Општина Чешиново-Облешево ќе подигне спомен-обележје за децата загинати во трагедијата во „Пулс“
Регион

Општина Чешиново-Облешево ќе подигне спомен-обележје за децата загинати во трагедијата во „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
19 март, 2026 18:47
0

На осмата редовна седница на Советот на Општина Чешиново-Облешево, која започна со минута молчење по повод годишнината од пожарот во дискотеката „Плус“, советниците едногласно донесоа низа одлуки за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 20, 2026 - пет
Кочани, MK
10°C
облачно
облачно
3 m/s, NE
43%
757.56 mmHg
fri03/20 sat03/21 sun03/22 mon03/23 tue03/24
облачно
10/7°C
облачно
11/4°C
одвоени облаци
13/4°C
облачно
12/7°C
одвоени облаци
12/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?