Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Промовирана книгата „Радоста на постоењето“ од Симона Петреска

автор: Д. Николов
13 декември, 2023 21:13
во Кочани, Култура
време на читање: 2 мин.
A A
Промовирана книгата „Радоста на постоењето“ од Симона Петреска

Попладнево во малата сала на Мултикултурниот центар во Кочани се одржа промоција на книгата „Радоста на постоењето“ од авторката Симона Петреска.

Тоа е нејзино прво дело, што го има пишувано околу седум месеци, а мотивот да го создаде е влијанието на мислите и емоциите врз креирањето на секојдневниот живот на човекот.

-Книгата ја напишав од лично искуство, во еден период од животот сфатив дека сум заглавена, односно дека не го живеам животот што сакам да го живеам, дека не се чувствувам среќно, па се запрашав што треба да направам за да го сменам тоа. Почнав да читам книги, кои што се мотивациони, гледав и голем број видеа и полека, но сигурно го почнав мојот пат на промената во животот на подобро. Сето ова искуство и сето тоа што го научив го применив на мене и почуствував дека делува, затоа што мојот живот стануваше поубав, среќен, радосен, почнав да живеам живот исполнет со мир, љубов и благодарност. Затоа решив сето тоа што го знам да го преточам во пишан збор и да ги мотивирам читателите да се пронајдат во мојата книга, и читајќи ја да започнат промена кај себе, онаму каде што сметаат на подобро, истака Симона Петреска, авторка на книгата.

Промоцијата беше во организација на библиотеката „Искра“, со поддршка од Ротари клубот Кочани – Виница. Директорката на установата истакна дека промовираното дело е мотивациска книга, која треба да најде примена кај секоја личност.

-ЈОУ Библиотека „Искра“ пред крајот на 2023 година бележи уште една активност, а која е на наше огромно задоволство. Активноста спонтано дојде, во соработка со Васил Таковски и со поддршка на Ротари клубот Кочани-Виница, на нивна иницијатива се договоривме денеска да ја промовираме книгата, истакна Кристина Горгиевска Атанасова, директорка на Библиотеката „Искра“.

Промотор на книгата беше Љупка Стојменова, а авторката најави и промоција на уште една, односно во моментот работи на втората, која е со слична тематика, односно опишува за тоа што ни се случува во животот и општеството, гледано низ призмата на духовноста.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: библиотека „искра“промоција

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Кочани се поклони пред ликот на Илчо Гоцевски, возачот – херој со срце планина кој е 64-та жртва на кобната ноќ во „Пулс“
Кочани

Кочани се поклони пред ликот на Илчо Гоцевски, возачот – херој со срце планина кој е 64-та жртва на кобната ноќ во „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
18 март, 2026 15:22
0

Пред просториите на Итната медицинска помош во Кочани, таму каде што секоја секунда е борба за живот, денеска повторно завладеа молк. Во присуство на семејството, државни претставници и...

прочитај повеќе
Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа
Кочани

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 12:46
0

Денеска Кочани не зборува со зборови, туку со воздишки. Градот на оризот денес е обвиен во тешка тишина, одбележувајќи ја првата годишнина од кобниот пожар во дискотеката „Пулс“,...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 20, 2026 - пет
Кочани, MK
6°C
облачно
облачно
2 m/s, NE
63%
759.81 mmHg
fri03/20 sat03/21 sun03/22 mon03/23 tue03/24
-/6°C
облачно
11/4°C
одвоени облаци
13/4°C
облачно
12/7°C
одвоени облаци
12/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?