Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Во Кочани почна шестдневен Kамп за млади информатичари

автор: Т. Ајтовски
7 август, 2023 13:18
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Во Кочани почна шестдневен Kамп за млади информатичари

Во Кочани денеска почна шестдневен национален Камп за млади информатичари што го организира локалното здружение „Бистри умови“, а со поддршка од македонското Здружение на информатичари.

Присутни се осум најдобри млади информатичари со кои работат професори и студенти ментори од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје.

Кампот го отвори градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, а се организира во рамки на обуката на јуниорските и сениорските екипи кои ќе ја претставуваат државата на претстојните олимпијади и натпревари по информатика во светот.

-Здружението на информатичари веќе 34 години ги организира државните натпревари по информатика, а за да имаме добри резултати на меѓународно ниво мора најдобрите ученици да ги подготвиме да им бидат конкурентни на  другите ученици од целиот свет. Ние, со помалку од два милиона население, избираме четири ученика да нè претставуваат на светската олимпијада по информатика, за разлика од Кина, на пример, каде има околу една ипол милијарда жители од кои исто така се избираат четири ученика, па треба да сме конкурентни со нив. Затоа, мора да посветиме повеќе внимание, да направиме многу подобри подготовки и да имаме добри резултати, како што минатата година освоивме силен сребрен медал на меѓународно ниво, истакна Миле Јованов, претседател на Здружението на информатичари на Македонија.

Од кочанското здружение „Бистри умови“, кое функционира краток период, нагласија дека нивната цел е да им помагаат на младите таленти да напредуваат во знаењата поврзани со информатиката.

-Целта е да им пружиме поддршка на младите таленти во државата и да се организираат подготовки за натпревари, да помагаме на други здруженија и сојузи, а сето тоа да биде бесплатно за учениците, истакна Анита Атанасова – Грчев од здружението „Бистри умови“.

Кампот на млади информатичари се реализира под покровителство и со финансиска поддршка од Општина Кочани.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: здружение „бистри умови“информатикакочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Кочани се поклони пред ликот на Илчо Гоцевски, возачот – херој со срце планина кој е 64-та жртва на кобната ноќ во „Пулс“
Кочани

Кочани се поклони пред ликот на Илчо Гоцевски, возачот – херој со срце планина кој е 64-та жртва на кобната ноќ во „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
18 март, 2026 15:22
0

Пред просториите на Итната медицинска помош во Кочани, таму каде што секоја секунда е борба за живот, денеска повторно завладеа молк. Во присуство на семејството, државни претставници и...

прочитај повеќе
Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа
Кочани

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 12:46
0

Денеска Кочани не зборува со зборови, туку со воздишки. Градот на оризот денес е обвиен во тешка тишина, одбележувајќи ја првата годишнина од кобниот пожар во дискотеката „Пулс“,...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 20, 2026 - пет
Кочани, MK
7°C
облачно
облачно
2 m/s, NE
59%
759.06 mmHg
fri03/20 sat03/21 sun03/22 mon03/23 tue03/24
-/6°C
облачно
11/4°C
одвоени облаци
13/4°C
облачно
12/7°C
одвоени облаци
12/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?