Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Во Кочани се одржа 5. Регионален саем на винили и носачи на звук, иницијатива за основање Музеј на македонската рок музика  и Национален музички архив

автор: Т. Ајтовски
13 јули, 2025 16:05
во Кочани, Култура
време на читање: 4 мин.
A A
Во Кочани се одржа 5. Регионален саем на винили и носачи на звук, иницијатива за основање Музеј на македонската рок музика  и Национален музички архив

По петти пат Кочани беше домаќин на Регионалниот саем на винили и носачи на звук, што се одржува во рамки на празничната програма по повод Петровден – празникот на градот.

Организатор на настанот е кочанецот Тошо Филиповски, вљубеник и истражувач во музиката, колекционер и креативец во македонската рок култура, а со поддршка од Општина Кочани и Скопска пивара АД.

На саемот беа присутни десетина излагачи од Македонија и соседните земји, кои понудија музика на сите класични физички носачи на звук – грамофонски плочи, компакт дискови и аудио касети.

– Ова е една приказна која започна пред 5 години и која што се обидувам секоја година на некој начин малку да ја збогатам со содржини и со надеж дека за уште некоја од следните години ќе биде проширена. Си го сакам Кочани, жител сум на Кочани, роден сум овде и желбата ми е на секој можен начин, а особено со она што јас се занимавам – музиката, да овозможам и кочанчани да уживаат во културни содржини. Грамофонските плочи се еден од носачите на звук со којшто ја започнавме приказнава, оваа година ја проширивме и со останати носачи, значи можат да се најдат и цедиња и касети, некои музички книги, а здравје за догодина се договараме да ја прошириме приказната со стрипови и со книги и воопшто белетристика, да се заземат уште некои од клупиве овде во градскиот парк и да се прошири таа приказна. Во изминативе години имав и неколку и изложби на музички фотографии, на насловни страници на списанија, на омоти на плочи, а оваа година нема изложба најмногу поради времето. Оставивме за догодина неколку поинтересни изложби, па и физичко присуство на олдтајмери во музиката, односно носачи на звук, стари грамофони, стари касетофони, музички системи. Да ја прошириме оваа приказна и да биде догодина во два дена, овде во градскиот парк во Кочани да се дружиме. Ова е регионален саем, значи излагачи коишто носат плочи од регионов, од Црна Гора, од Србија, Бугарија, Македонија, требаше да дојде еден и од Грција.  Целта е во Кочани да го вратиме духот на градот, онака како што некогаш беше. Да, ова се тажни моменти, меѓутоа животот мора да продолжи, мора да му дадеме дух на на градот, младите да се вратат повторно да живеат со полни гради, а Кочани да го направиме урбан центар како што заслужува да биде, истакна организаторот Филиповски.

Покрај Саемот на винили, веќе се креира и иницијатива за нешто посериозно, односно основање своевиден Музеј на македонската рок музика во Кочани, за што поддршка има и од Министерството за култура.

-Тоа е една една долга приказна за којашто 15 години инсистирам да се случи во Кочани. Ќе ги кажам двете имиња на таа иницијатива – едното е малку подолго и можеби збунувачко – Центар за истражување, архивирање, дигитализирање и промовирање на македонската музика, упростено кажано тоа би требало да биде Музеј на македонската рок-музика, да биде стациониран во Центарот за култура како посебен нивен на оддел, и Национален архив и музичка книжевна библиотека, на се она што е издавано во Македонија, бидејќи не постои институција, како што се да речеме Националната библиотека за книжевното богатство, Кинотеката на Македонија за визуелното богатство, не постои институција што се грижи за музичкото културно богатство. На тој проект работам 15 години со разни лобирања, не е мал проект и е нешто што треба да остане да ја чува македонската музичка традиција. Инсистирам цело време тој центар да биде во Кочани и работите тргнаа од нула благодарение на Министерството за култура. Се работи веќе на еден основен проект во Центарот за култура „Бели мугри“. Најверојатно многу брзо ќе стартува Музичката библиотека и Музичкиот архив, Со помош на младина од Кочани, се надевам дека ќе се пријават деца коишто сакаат да волонтираат и да работат тука. Ќе се потрудиме тој Национален архив да го направиме како сите светски архиви, со класично архивирање, дигитализирање, разместување, поместување, за сите заинтересирани од цела Македонија, па зошто да не и од странство, коишто ќе сакаат да ја проучуваат македонската урбана музичка култура да можат да доаѓаат овде и да да го користат овој простор, да преслушуваат македонската музика и за неа да пишуваат разни есеи, семинарски, магистерски, а зошто не и докторати за македонската музика. Значи, центарот на таа на институција настојувам да биде, којашто со тек на времето верувам дека државата ќе ја преземе и да стане национална институција, да биде во Кочани, овде во Центарот за култура „Бели мугри“, објаснува Филиповски.

Присутните излагачи на Регионалниот саем се задоволни што на овој начин даваат свој придонес кон унапредувањето на културното живеење не само во Кочани, туку и во државата.

-Имам љубов кон винили, носачи на звук, ЦД, касети, веќе 20 години. Меѓу првите во Македонија сум што работам со половни грамофонски плочи, цедиња, книги, стрипови, малце поширока дејност. Почнав како дете, продавав учебници на плоштадот во Скопје, како смена на старите, ги продаваш да земеш пари и да си купиш понови. Почна како бизнис, како заработка и долго време го работев тоа. Идев во Кочани, доаѓав во Штип, од деца откупував учебници и ги носев во Скопје, на плоштадот ги продававме и кога престана тој период, продавав книги за читање, белетристика, книжевност, класици. Имаше еден лик, постар, починат е, вака во кутија си продаваше какофонски плочи. Гледајќи го дека има интерес за тоа, спонтано почнав. Се запознавме тогаш со Тошо, тој беше чисто како колекционер, земаше сингл плочи, мали, со големите немаше интерес, и спонтано, полека, полека, првото посериозно мое излагање беше во Охрид. 10 години таму имав штанд, продавав книги, плочи, стрипови, од јуни до септември цело лето таму.  Музиката нема крај, жанрот, тоа е бесконечно, има љубители на буквално на секој тип на музика и музиката, нели викаат, ги спојува луѓето и нема граници. За винилот и ден денес сѐ уште се чудиме како има нагорен раст, постојано викаме ќе застане, ќе застане, а тоа „ќе застане“ веќе трае 10 години, на глобална, светска сцена само се реиздава, сите нови групи вадат, а и македонските, благодарение на Тошо Филиповски, многу изданија извадија на винил, истакна Бобан Јанков од Скопје, излагач на Саемот на винили во Кочани.

-Плочите беа во семејството, чекаа повторно да дојде нивната ера, да го обновиме грамофонот, да ја ставиме плочата и така се „заразивме“ сите дома и почна купувањето, набавката на плочи, се зголеми колекцијата и тоа е тоа. Мене ми се допаѓа југословенскиот фанк, на пример, Дино Дворник, но во принцип ги има многу повеќе, има во секоја република по некој претставник, еве да кажеме во Црна Гора е групата „Макадам“ и познатата песна „Како пријател на нејзината куќа“, на пример. Да се дојде од Подгорица до Кочани значи дека не можам да имам некаква финасиска корист, трошоци за пат и престој, но тоа не би го заменил со вредноста на она да се сретнам со моите пријатели. Се познаваме меѓусебно, овде се другари од Ниш, од Крушевац, од Кочани, Скопје, од Куманово и мило ми е да се видиме периодично. Тој физички контакт со винилот е нешто кон што се враќаме и младината се враќа кон тоа, го гледам на други саеми во регионот, го посетуваме целиот регион и се надевам дека и кај вас уште повеќе ќе заживее, особено што сега на Кочани му е потребно да му се даде некаков импулс, да направиме исчекор, да му дадеме поддршка на градот и повторно да застане на нозе, истакна Борис Буриќ, излагач на Саемот на винили, член на „Монтенегро рекордс“ од Подгорица, Црна Гора.

Во рамки на Регионалниот саем на винили, поради општата состојба по трагедијата во „Пулс“, изостанаа планираните придружни содржини, односно планираните настапи на музички бендови и работилницата „Како да го направиме Кочани урбан музички центар?“. Сепак, организаторот најави дека од догодина таквите содржини на настанот повторно ќе се вратат, со збогатена програма.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: берза на винилиопштина кочанипетровден

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра
Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра

автор: Т. Ајтовски
13 март, 2026 13:43
0

Со посетата на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николовски, во Кочани денеска беше означен почетокот на голем инвестициски циклус кој ветува...

прочитај повеќе
Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
2°C
одвоени облаци
одвоени облаци
1 m/s, NE
76%
761.31 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
одвоени облаци
14/8°C
одвоени облаци
14/6°C
неколку облаци
14/7°C
облачно
13/8°C
снег
5/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?