Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Доживотен затвор заработи 59-годишниот маж од Кочани кој со повеќе убоди со нож усмрти жена

автор: Т. Ајтовски
18 април, 2024 14:42
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Доживотен затвор заработи 59-годишниот маж од Кочани кој со повеќе убоди со нож усмрти жена

Казна доживотен затвор му е изречена на 59-годишниот У.Р. од Кочани, кој на 25 септември минатата година со повеќе убоди со нож усмрти 46-годишна жена пред нејзиниот дом.

Основното јавно обвинителство во Кочани поднесе обвинение за случајот, а во судската постапка осомничениот ја признал својата вина. Основниот суд – Кочани донесе пресуда за изрекување казна доживотен затвор за убиство што е извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин.

-Во обвинението, Основното јавно обвинителство – Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело – Уцена кон истата оштетена, сторено пред убиството. Меѓутоа тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка, се истакнува во писменото соопштение од Јавното обвинителство.

Загрижена за својата безбедност 46-годишната Т.М. на 16. мај минатата година во Полициската станица во Кочани пријавила дека подолг период била уценувана од У.Р., со кого била во љубовна врска, дека тој ќе објави компромитирачки фотографии и видеа доколку не му даде пари. Инспектори од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи – Кочани постапиле по пријавата и доставиле соодветна пријава до Основното јавно обвинителство – Кочани.

Граѓанските организации кои работат на заштита и поддршка на жртвите од семејно насилство, особено кај жените, реагираа дека надлежните институции тешко ги препознаваат ризиците од фемицид.

-Некогаш пријавите ги регистрираат како поплаки и не преземаат ништо, иако се должни да направат проценка колкав е ризикот за безбедноста и сигурноста на жената која пријавува каков било обид за насилство. Агонијата на жената од Кочани траела седум години, а нејзината пријава не била сфатена сериозно. Ако се прави подобра проценка на ризикот, ќе можеме да ги антиципираме случаите каде што постои опасност од фемицид, односно убиство, истакна Благица Кирова од Едукативно-хуманитарната организација ЕХО од Штип.

Според законските одредби уцената се смета за сериозно кривично дело за кое е предвидена затворска казна до пет години, а со оглед на свирепото убиство со повеќекратни убоди со нож, Судот донесе пресуда за максимална казна.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: основен суд - кочаниубиство

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе
Од солидарност до напредок: Ротари Феникс центарот во Кочани станува регионален технолошки инкубатор
Кочани

Од солидарност до напредок: Ротари Феникс центарот во Кочани станува регионален технолошки инкубатор

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 20:38
0

Во емотивна атмосфера, со почит кон минатото и јасна визија за иднината, во Кочани се одржа панел-дискусија по повод една година од основањето на Ротари Феникс центарот. Настанот...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 13, 2026 - пет
Кочани, MK
13°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, SSW
47%
764.32 mmHg
fri03/13 sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17
чисто небо
14/6°C
чисто небо
14/3°C
облаци
14/6°C
неколку облаци
13/6°C
облачно
12/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?