Локалната самоуправа на Чешиново-Облешево го започна проектот за подобрување на водоснабдувањето на селото Спанчево. Се работи за инвестиција на која се чека подолг период, а чија реалзиацина се најавуваше кон крајот на минататагодина. Се работи за изградба на нов бунар, до кој ќе се изгради и цевковод за да се направи негово поврзување со резервоарот за вода во селото.
Со изградбата на новиот бунар ќе се обезбат дополнителни количини вода, особено во летниот период кога капацитетот на постоечкиот осетно се намалува . Од Општината велат дека се работи за долгогодишниот проблем, со чие решавање жителите на Спанчево конечно ќе добијат квалитетно водоснабдување.
Бунарот е предвиден да се изведе со длабочина од 65м , и со проектот е предвидено да се обезбеди од 2 литри вода во секунда. Зафатените количини на вода ќе се пумпаат до резервоарскиот простор од каде ќе се дистрибуира вода по веќе постоечката водоводна мрежа.
Почетните градежни активности на терен веќе се започнати, а вкупната инвестиција ќе чини над 2 милиони денари. Овие пари Општина Чешиново-Облешево ги обезбеди преку Јавниот повик за користење на ЕУ ИПА грант што го објави Министерството за финансии.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






