Кикбокс клубот „Лидер“ од Виница имаше исклучително успешен настап на Државното првенство во кикбокс за сите возрасни категории, што во организација на Кикбокс Маитаи федерацијата на Македонија се одржа во Скопје.
Виничкиот клуб на овој шампионат, кој ги опфати дисциплините на татами и во ринг, учествуваше со вкупно 22 натпреварувачи.
Младите спортисти на „Лидер“ покажаа врвна борбеност и успеаја да освојат вкупно 12 медали, од кои 2 златни, 8 сребрени и 2 бронзени одличја. Најголемиот успех и титулите државни прваци ги постигнаа Филип Велинов и Лука Савев, кои се закитија со златни медали.

Посебен акцент беше ставен на успехот на Лука Савев, кој иако има само 13 години, доминираше во повозрасната конкуренција (од 13 до 15 години). Неговиот тренер, Дарко Гоцевски, истакна дека Савев со три убедливи победи докажал дека пред него стои светла иднина и голема перспектива во македонскиот кикбокс.
Покрај златните медалисти, сребрени медали за клубот освоија: Ева Јанкулова, Анастасиј Гоцевски, Теодора Захариева, Лана Веселинова, Александар Веселинов, Михаил Димитров, Никола Здравков и Андреј Тасевски. Со бронзени медали се закитија Лука Змејкоски и Кирил Тодоров.
Од клубот упатија јавни честитки до сите свои натпреварувачи за покажаната храброст, а истовремено изразија благодарност до поддржувачите „Антура“, „Мебел Ви“ и „Орбита ДООЕЛ“ кои го овозможија нивниот успешен настап.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






