Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Кочанската депонија ќе биде затворена по 16 часот, забранет е неовластен пристап

автор: Д. Николов
18 јуни, 2024 23:24
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Кочанската депонија ќе биде затворена по 16 часот,  забранет е неовластен пристап

Влезот на Градската депонија секојдневно по 16 часот ќе биде затворен, а ќе биде забранет влезот за сите неовластени лица. Доколку некој е забележан на локацијата ќе му биде поднесенат соодветна пријава во Одделените за внатрешни работи – Кочани.

Одлуката беше истаканата на состанокот на Локалниот совет за превенција на Општина Кочани, што се одржа во просториите на Локалната самоуправа.

В.Д. директорот на КЈП „Водовод“, Перо Георгиевски ги повика полициските службеници од Одделението за внатрешни работи – Кочани да вршат засилена акциски контроли на потегот кон депонијата.

-Во моментов десната страна од депонијата е целосно исчистена, а левата страна ќе ја средиме во најбрз можен рок. Ќе извршиме и поправака на главната капија и по 16 часот, ќе забраниме влез на сите неовластени лица, Значи, ќе биде заклучена со катанец, за неовластено да не присуствуваат лицата. Доколку затекнеме некое неовлластено лице, ќе поднесам пријава до Министерството за внатрешни работи. Сите сме сведоци дека тие луѓе се на работ на егзистенцијата и својот леб го вадат од депонијата. Значи полициските службеници треба да извршат контроли, односно да проверат дали нивните возила се регистрирани, дали имаат патен налог за пренос на стока. Во моментот на депонијата функционираат 2 – 3 семејства со подигнатаи шатори, а во текот на денот престојуваат од 30 до 40 луѓе, помеѓу нив има и малолетни лица. Имам поднесено пријава и до Центарот за социјални работи, но напоменувам дека најпотребна помош ни е од Министерството за внатрешни работи. Депонијата во моментов е ставена под контрола, значи нема веќе опасност од пожар, но тоа не значи дека лицата повторно не можат да го подментнат. Ние со сопствена работна сила го затрупуваме ѓубрето, но во иднина доколку се префрлат потребните средства ќе распишеме јавна набавка, истакна Георгиевски.

Локалниот совет побара од Министерството за животна средина да обезбеди финансиски средства за справување со проблемите со депонијата во Кочани до изградбата на Регионалната депонија кај Свети Николе и донесување посебен правилник за определување тарифа за услугите што им ги дава КЈП „Водовод“ на соседните општини, коишто го депонираат нивниот отпад на депонијата.

Меѓу другото беше побарано од КЈП „Водовод“, да ја огради и осветли депонијата со што ќе ја зголеми превенцијата и заштитата. Беше истакнато и дека е потребно да се организираат заеднички патроли кои ќе ги покриваат главните пунктови на патиштата што водат кон ридско-планинскиот регион, а во известувањето и алармирањето за состојбите на теренот да се вклучат и претседателите на месните заедници, како и невладиниот сектор.

Од КЈП “Водовод” упатија апел до граѓаните и компаниите во иднина отпадот да го одлагаат одговорно во депонијата, а не надвор, пред влезот или на самиот коловоз, бидејќи за вакви дејствија ќе бидат покренати соодветни постапки пред надлежниот комунален инспектор.

Освен по оваа точка, присутните разговараа и за заштитата од пожари на подрачјето на општина Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: депонијакјп „водовод“локален совет за превенцијаопштина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра
Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра

автор: Т. Ајтовски
13 март, 2026 13:43
0

Со посетата на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николовски, во Кочани денеска беше означен почетокот на голем инвестициски циклус кој ветува...

прочитај повеќе
Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
14°C
одвоени облаци
одвоени облаци
3 m/s, SW
50%
757.56 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
слаб дожд
14/7°C
одвоени облаци
14/3°C
неколку облаци
14/7°C
облачно
13/8°C
слаб дожд
9/6°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?