Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Министерството за земјоделство му додели договор на кочанското Ловечко здружение „Осогово“ за 20-годишно користење на поранешните ловишта

автор: Т. Ајтовски
8 август, 2025 21:33
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Министерството за земјоделство му додели договор на кочанското Ловечко здружение „Осогово“ за 20-годишно користење на поранешните ловишта

Членовите на Ловечкото здружение „Осогово“ од Кочани денеска во просториите на Ловниот дом го добија договорот од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство со кој ќе можат да ги реализираат активностите за времено одгледување и заштита на дивечот во ловиштето што некогаш го користеа.

Договорот им го врачи министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, кој нагласи дека кочанското здружение на ловците, оформено пред повеќе од еден век е меѓу најстарите во државата, а по повеќе години застој, со направените законски измени тоа повторно ги добива на стопанисување терените на ловиштето што го користеше и претходно.

-Повторно да биде владетел на овие два ловни терена, во првиот момент за одгледување и заштита, којашто практично е првио основ за да го земете во користење, односно во владение. Во една втора фаза ќе значи финално доделување на ловиштата, во една законски транспарентна постапка на период од 20 години. Знаете дека со измената на Законот за ловство, предност при распределбата на ловиштето имаат оние коишто имаат има вакви договори, односно кои се актуелни корисници на ловиштата бидејќи на тој начин се елиминира секоја нелојална конкуренција која ќе сака да влезе во овој процес. Онаа неправда којашто се случила низ годините денеска е исправена, нашето ветување денес е исполнето. Можам да кажам дека гледам многу радосни, весели лица, гледам елан за работа којашто ќе го врати ловот како една традиција на култура, еден љубов на оваа посебна категорија луѓе, коишто во наредниот период ќе можат да уживуваат во овој спорт, а нормално и овој ловен дом, којшто гледам дека е во прилично запуштена ситуација и состојба, ќе можеме заеднички полека полека да го враќаме во една нормална ситуација, истакна министерот за земјоделство Цветан Трипуновски.

На доделувањето на договорот беше нагласемно дека се очекува кочанското ловно здружение успешно да менаџира со поставените задачи и ќе ги превенира несаканите состојби.

– Благодариме за укажаната доверба која ќе ја оправдаме и ловството во Кочани ќе се врати во вистински колосек, Ловниот дом ќе биде обновен, секако и со ваша помош, и ќе имаме сеопшто задоволство, истакна Дејан Данев, престедател на Ловечкото здружение „Осогово“.

Присутните ловци од кочанскиот регион ги поздрави и претседателот на Ловечката федерација на Македонија Влатко Алексовски, кој нагласи дека во изминатиот период ловиштата биле оставени без корисник, а најголемата штета ја претрпел дивечот во нив.

-Овие две ловишта ви се враќаат на вас, ловишта коишто од искона ви припаѓале на вас, ловишта во коишто ловеле вашите дедовци, ловите вие, ќе ловат вашите синови и внуци. Тоа е мојата најголема желба како претседател, да ја сочуваме вековната ловечка традиција, а овие трофеи, овој објект, сведочат дека традицијата на ловство во овој крај, во Кочанско се од памтивек. Ова ловечко друштво е формирано во време кога за жал сме немале наша сопствена држава и администрација, сме биле по туѓ јарем, тогаш опстанало ова, а за жал сме ги изгубиле ловиштата во време кога имаме наша независна држава. Сепак, правдата е задоволена, ловиштата се повторно ваши, нагласи Алексовски.

На свеченоста по повод предавњето на договорот, од кочанското Ловно здружение им додели благодарници на повеќемина заслужни поединци за развојот на ловството и заштитата на дивечот во регионот.

Освен на ловците во Кочани, неодамна договор од Министерството за земјоделство за повторно користење на ловиштата го добија и членовите на ловното здружение „Сокол“ од Куманово.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: ловечко здружение „осогово“ - кочаниминистерство за земјоделство

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели
Кочани

На граѓански собир по полноќ пред дискотеката „Пулс“ Кочани им оддаде почит на своите ангели

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 03:12
0

Во атмосфера исполнета со тишина и болка, во 02:32 часот по полноќ, пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани се одржа граѓански собир во спомен на настраданите во трагедијата...

прочитај повеќе
„Кочани Ви благодари“: Признанија за благодарност на одбележувањето на годишнината од трагедијата во „Пулс“
Кочани

„Кочани Ви благодари“: Признанија за благодарност на одбележувањето на годишнината од трагедијата во „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
15 март, 2026 20:46
0

Под мотото „Кочани ви благодари“, попладнево во Кочани се одржа пригоден настан на кој беа доделени признанија на сите институции, медицински тимови и поединци кои несебично помогнаа во...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 16, 2026 - пон
Кочани, MK
3°C
неколку облаци
неколку облаци
2 m/s, E
80%
761.31 mmHg
mon03/16 tue03/17 wed03/18 thu03/19 fri03/20
неколку облаци
14/9°C
облачно
12/7°C
слаб дожд
10/6°C
облачно
11/4°C
снег
6/4°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?