Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Опрема за компјутерска томографија се инсталира во Општата болница во Кочани

автор: Т. Ајтовски
13 декември, 2023 14:26
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Опрема за компјутерска томографија се инсталира во Општата болница во Кочани

Општата болница со проширена дејност од Кочани обезбеди опрема за компјутерска томографија (КТ), чие инсталирање е во тек и се очекува по соодветните тестирања и испитувања, да биде ставена во функција во најскоро време.

КТ опремата ќе биде во рамки на одделот за рентгенологија, каде претходно беше обезбедена и адаптирана просторија што ќе ги задоволи потребните услови за нејзино функционирање.

-Опремата е донација од Клиниката за неврологија од Скопје, а за реновирање и адаптација на просторот за нејзино инсталирање ние инвестиравме сопствени средства во висина од околу 1,1 милион денари, со оглед што се работи за голема апаратура. Компјутерската томографија ќе биде многу важна, како за Болницата, така и за лекарите кои ќе можат полесно да дијагностицираат одредени болести, но исто така и за пациентите, не само од Кочани, туку и од целиот источен регион и пошироко. Нашите вработени рентген технолози ќе имаат кратка обука за работа со опремата, ќе се направи контрола од државната Дирекција за радијациона сигурност, а ќе се трудиме да го скратиме рокот за да може во што пократок период да почне користењето на компјутерската томографија, истакна Душанка Горгиева Трпевски, в.д. директорка на Општата болница во Кочани.

Брзото откривање и констатирање на состојбата при одредени заболувања и здравствени проблеми е една од главните предности на опремата што за првпат ќе проработи во Општата болница. Таа ќе им стои на располагање на лекарите од различни специјалности, односно за дијагностика при интернистички, ортопедски, хируршки, невролошки и друг вид интервенции.

-За нашата специјалност компјутерската томографија е еден од најзначајните начини за дијагностика, најчесто се користи за снимање на главата со што брзо можат да се детектираат церебро-васкуларните болести, што е една од најчесто третираните патологии на нашето одделение. Може да се користи и за дијагностицирање на малигни болести, заболувања на `рбетниот столб и `рбетниот мозок. Со оваа опрема се овозможува брза, лесна и точна дијагностика на заболување кај пациентите, со што ќе се скрати и времето за лекарска интервенција, истакна Маја Шоповска Китанова, специјалист по неврологија.

По инсталирањето и испитувањето на опремата за компјутерска томографија, таа ќе биде внесена во системот Мој термин, што значи дека освен за пациентите од Кочани и општините од регионот, ќе им стои на располагање и на пациентите од другите населени места во државата.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: компјутерска томографијаопшта болница со проширена дејност - кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе
Од солидарност до напредок: Ротари Феникс центарот во Кочани станува регионален технолошки инкубатор
Кочани

Од солидарност до напредок: Ротари Феникс центарот во Кочани станува регионален технолошки инкубатор

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 20:38
0

Во емотивна атмосфера, со почит кон минатото и јасна визија за иднината, во Кочани се одржа панел-дискусија по повод една година од основањето на Ротари Феникс центарот. Настанот...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 13, 2026 - пет
Кочани, MK
13°C
чисто небо
чисто небо
2 m/s, SSW
48%
764.32 mmHg
fri03/13 sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17
чисто небо
14/6°C
чисто небо
14/3°C
облаци
14/6°C
неколку облаци
13/6°C
облачно
12/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?