Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Пожарот кај Соколарци ставен под контрола, огнената стихија зафати површина од над 250 хектари

автор: Т. Ајтовски
16 август, 2023 09:37
во Регион
време на читање: 2 мин.
A A
Пожарот кај Соколарци ставен под контрола, огнената стихија зафати површина од над 250 хектари

По 10 часа интервенција ставен е под контрола пожарот во атарот на селата Соколарци, Врбица и Рајчани, што избувна вчера околу пладне.

Во гаснењето интервенираа екипите на Територијалната противпожарна единица и Доброволното противпожарно друштво од Кочани, кои добија поддршка и од специјализираните авиони за гаснење пожари „ер трактор“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и хеликоптери на Министерството за внатрешни работи. Исто така, во гаснењето учествуваа и ТППЕ – Штип и ТППЕ – Свети Николе, вработени во ЈП „Национални шуми“, како и поголем број жители на околните села.

Според првичните проценки опожарена е површина од над 250 хектари, главно нискостеблеста шума и грмушки, но поради непристапноста на теренот и сувата трева, во опасност беа доведени манастирот „Св. Ѓорѓи“ кај Соколарци, неколку сточарски објекти, но и дел од куќите во селото Врбица. И покрај локализирањето на огнот, еден крак во текот на доцните вечерни часови се проширил во правец на пробиштипското село Бунеш, но со соодветна интервенција спречено е повторно разгорување на пожарот.

На теренот каде што се појави пожарот беше и директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов кој нагласи дека поради сувата трева огнот се разгорувал многу брзо, а ветерот помогнал огнот да се прошири на различни страни.

– Горат и трња, што се исто така лесно запаливи. Од тие причини, да не биде загрозено некое од локалните села, ангажирани се три „ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, а делуваа и два хеликоптера на Министерството за внатрешни работи, истакна Ангелов.

Од противпожарните единици, како и од надлежните служби и од Општина Чешиново-Облешево упатија апел до месното население за поголемо внимание при палење оган на отворен простор, за да се избегнат материјални штети и посериозни последици по здравјето и животот на луѓето.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: доброволно противпожарно друштво - кочанипожарсоколарцитериторијална противпожарна единица

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Бојан Колишев го фати богојавленскиот крст потопен во Градечка Река во Виница
Регион

Бојан Колишев го фати богојавленскиот крст потопен во Градечка Река во Виница

автор: Т. Ајтовски
19 јануари, 2026 12:27
0

Чинот на потопувањето на светиот крст на празникот Водици во Виница се одржа на Градечка Река. Со пораки светлината и благословот на осветените води да донесат здравје, мир...

прочитај повеќе
Нов командир на Полициската станица ќе избира Советот на Општина Виница
Регион

Измамен виничанец му платил 7 илјади евра на лажен доктор за лекување на ќерката

автор: Администратор
9 јануари, 2026 11:03
0

Лице кое лажно се претставило како лекар успеало да измами повозрасен жител на Виница и да му земе околу 7 илјади евра во денарска противвредност, како надомест за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 11, 2026 - сре
Кочани, MK
6°C
облачно
облачно
2 m/s, SE
98%
756.81 mmHg
wed02/11 thu02/12 fri02/13 sat02/14 sun02/15
облачно
7/7°C
слаб дожд
9/7°C
слаб дожд
8/7°C
одвоени облаци
13/6°C
слаб дожд
14/9°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?