Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Половина век по трагичната смрт на младиот фудбалер промовирана книгата „Мантов мечтаеше за фудбалот“

автор: Т. Ајтовски
7 септември, 2024 10:02
во Кочани, Култура, Спорт
време на читање: 7 мин.
A A
Половина век по трагичната смрт на младиот фудбалер промовирана книгата „Мантов мечтаеше за фудбалот“

Одбележувањето на 100-годишнината од фудбалот во Кочани и 50-годишнината од смртта на младиот фудбалер Никола Мантов, беше збогатено со промоција на книгата „Мантов мечтаеше за фудбалот“ од авторите Ацо Стојановски и Љубинка Ајтовска.

Книжевното дело е посветено на Никола Мантов, фудбалер на „Осогово“, кој на 1 јули 1973 година почина на фудбалскиот терен во Кочани, на натпреварот меѓу ФК „Осогово“ и „ФАС 11 Октомври“ од Скопје.

-Иако на почетокот на својата кариера, 21-годишниот Мантов беше фудбалски мајстор за кого немаше тајни во играта со топката. Играше скоро на сите позиции во екипата и ги исполнуваше задачите што му ги даваа тренерите, затоа што знаеше да биде и „организатор“ и „кртица“ и „фластер“. Ми беше сосед, другар, соиграч, чиј животен пат заврши на теренот на кој мечтаеше да се бори за својата екипа, за љубителите на фудбалот, за родниот град. Со својот талент најави дека ќе стане ѕвезда на кочанскиот фудбал, но за жал неговиот живот прерано згасна, истакна Ацо Стојановски, коавтор на книгата.

Во сеќавањата за младиот кочански фудбалер беше истакнато дека е меѓу малкутемина на овие простори кои починале за време на фудбалски натпревар, а прв во државата чие име денес го носи стадионот на кој играл.

-Оваа книга е спомен на Мантов, но и за времето од пред педесетина години кога се гинеше за спортот, за аплаузот и радоста кај гледачите на полните трибини на градскиот стадион во Кочани. Преку сеќавањата за него, книгата говори за еден дел од историјата на спортското живеење, се раскажува за Старо Игралиште, за влијанието на спортскиот терен во животот на луѓето од ова место, за детските и момчешките игри и дружби. Во неа се споменуваат многу прекари на тогашните фудбалери и фудбалски рабoтници, што е материјал и за ономастичарите; а има и записи од новински извештаи за натпреварите на „Осогово“ во времето на Мантов. Едноставно, Никола Мантов се јави како сврзник на минатото и на сегашноста, истакна Љубинка Ајтовска, коавторка на книгата.

Делото содржи десет тематски целини посветени на Мантов, но и податоци и фотографии од последниот натпревар на „Осогово“ со „Пелистер“, одигран пролетва на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани, натпревар со кој се одбележа еден век фудбал во Кочани. Рецензент на делото е Валентин Бобришев, спортски работник и тренер на „Осогово“ од времето на Мантов, a модератор на промоцијата беше Магдaлена Кочовска-Салтирова.

Обраќање пред присутните имаше и градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, потсетувајќи се на периодот кога и самиот бил дел од спортувањето и фудбалското живеење во градот.

Во рамките на промоцијата беше интерпретирана композиција, кавер верзија подготвена од професорката по пијано Марија Лазарова, текст на Магдалена Кочовска Салтирова во изведба на учениците од ОМУ,,Ристо Јуруков” Кочани, со наслов „Градот кој го љубам” проследено со танцова изведба на Софија Филипова.

На крајот од промоцијата најмладите фудбалери од подмладокот на „Осогово“ преставија дел од своите таленти, а на повеќемина некогашни фудбалери и спортски работници од различни генерации им беа доделени признанија за нивниот придонес во развојот на фудбалот во Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: гфк „осогово“никола мантовстадион „никола мантов“

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Хуманитарен натпревар во чест на загинатите во „Пулс“ одиграа фудбалерите на „Осогово“ и скопски „Вардар“
Кочани

Хуманитарен натпревар во чест на загинатите во „Пулс“ одиграа фудбалерите на „Осогово“ и скопски „Вардар“

автор: Т. Ајтовски
7 февруари, 2026 18:41
0

Фудбалерите на ГФК „Осогово“ беа домаќини на хуманитарен натпревар што денеска на стадионот „Никола Мантов“ го одиграа со ФК „Вардар“ од Скопје во чест на загинатите во трагичниот...

прочитај повеќе
Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија
Кочани

Доброволното противпожарно друштво – Кочани доби интервентно возило како донација од Германија

автор: Администратор
5 февруари, 2026 10:34
0

Доброволното противпожарно друштво - Кочани го прошири возниот парк со уште едно возило, што доцна синоќа пристигна од Унтершлајсхајм, Германија и претставува целосна донација од волонтерите пожарникари од...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 9, 2026 - пон
Кочани, MK
6°C
облачно
облачно
2 m/s, NE
81%
756.81 mmHg
mon02/09 tue02/10 wed02/11 thu02/12 fri02/13
облачно
11/7°C
облачно
7/5°C
облачно
8/5°C
облачно
10/7°C
облачно
10/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?