Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Потребна е потврда од Институтот за судска медицина во Скопје за да се добие Извод од книгата на починатите за настраданите во пожарот во „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
24 март, 2025 12:36
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Потребна е потврда од Институтот за судска медицина во Скопје за да се добие Извод од книгата на починатите за настраданите во пожарот во „Пулс“

Семејствата чии блиски настрадаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ треба да поседуваат потврда за смрт што ја издава Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје за да добијат Извод од книгата на починатите во Подрачната канцеларија на Управата за водење матични книги во Кочани.

По налог на Обвинителството, после трагедијата, беше извршена обдукција, а обврска на Институтот е да издаде потврда за смрт, односно лекарски извештај за починатото лице.

-Близок од семејството, со своја лична карта и со извод од книгата на родените за починатото лице, треба да оди во Скопје и во Институтот за судска медицина да добие потврда. Се добиваат два такви документа, по што починатиот се запишува во книгата на умрените и ќе може да се издаде извод од книгата на умрените, информираа од Подрачната канцеларија на Управата за водење матични книги во Кочани.

За да не се изложуват на дополнителни трошоци и непријатности, семејствата на настраданите треба претходно да добијат информација дали потврдата од Институтот е готова. Според последните информации оттаму, ваков документ ќе се издава откако ќе завршат сите анализи, односно по 10-тина дена и најверојатно тоа ќе биде заедно за сите загинати во трагедијата.

Законска обврска на Управата за водење матични книги е сите лица кои починале во трагичниот пожар да ги запише во книгата на умрените во Кочани, без разлика во која општина се родени и живееле. Изводот што потоа се издава е неопходен за да можат семејствата на починатите да ги остварат натамошните права.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: трагичен случајуправа за водење матични книги

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Кочани се поклони пред ликот на Илчо Гоцевски, возачот – херој со срце планина кој е 64-та жртва на кобната ноќ во „Пулс“
Кочани

Кочани се поклони пред ликот на Илчо Гоцевски, возачот – херој со срце планина кој е 64-та жртва на кобната ноќ во „Пулс“

автор: Т. Ајтовски
18 март, 2026 15:22
0

Пред просториите на Итната медицинска помош во Кочани, таму каде што секоја секунда е борба за живот, денеска повторно завладеа молк. Во присуство на семејството, државни претставници и...

прочитај повеќе
Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа
Кочани

Кочани во тишина и солзи – една година од трагедијата во „Пулс“ во сеќавање на 63 недовршени соништа

автор: Т. Ајтовски
16 март, 2026 12:46
0

Денеска Кочани не зборува со зборови, туку со воздишки. Градот на оризот денес е обвиен во тешка тишина, одбележувајќи ја првата годишнина од кобниот пожар во дискотеката „Пулс“,...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 20, 2026 - пет
Кочани, MK
10°C
облачно
облачно
3 m/s, NE
42%
757.56 mmHg
fri03/20 sat03/21 sun03/22 mon03/23 tue03/24
облаци
10/6°C
облачно
11/4°C
одвоени облаци
13/4°C
облачно
12/7°C
одвоени облаци
12/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?