Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Прес на директорите на училиштата во Кочани: Долговите за комунални услуги се поради високите цени на геотермалната вода и ѓубрарината што се пресметува по површина

автор: Т. Ајтовски
13 мај, 2025 14:07
во Кочани
време на читање: 4 мин.
A A
Прес на директорите на училиштата во Кочани: Долговите за комунални услуги се поради високите цени на геотермалната вода и ѓубрарината што се пресметува по површина

Директорите на основните и средните училишта во Кочани денеска организираа прес-конференција како одговор на обвинувањата дека имаат високи долгови за неплатени сметки за комунални услуги кон КЈП „Водовод“, а што пред неколку дена ги објави в.д. градоначалникот Венко Крстевски.

Секој од директорите, чии училишта имаат долгови, имаше образложение за причините поради кои се соочуваат со високи давачки, што генерално се сведува на несоодветното пресметување на надоместокот за ѓубрарина според корисна површина, како и поради високата цена на геотермалната вода за затоплување на објектите. Притоа, со блок дотациите што ги добиваат училиштата не се покриваат зголемените трошоци, иако подолг период наназад биле упатувани известувања за тоа до општинската администрација.

-Пред да дојдам како директор наследив долг од 2.133.179 денари, а на записник добиваме дека за месец ноември во 2022 година има потрошено 9.632 метри кубни вода или во пари тоа би значело дека сме потрошиле околу 12.000 евра или 720.000 денари само за геотермална вода. Плус е собирањето на ѓубре, плус ладна вода, плус за подрачните училишта она што следува тековно и вкупната сума за месец ноември изнесува околу 850 илјади денари за еден месец. Имавме и барање до Општина Кочани да го разгледа доставениот приговор, затоа што такви потреби како училиште ги немаме. Ако една сметка за училиште е 169 илјади денари за ладна вода, од тие можеби 69 илјади се за потрошена вода, а сето останато е за собирање отпад и смет, истакна Александар Андов, директор на ОУ „Никола Карев“.

Од СОУ „Љупчо Сантов“ нагласија дека се соочуваат со слични проблеми, а тоа предизвикало тешкотии со подмирувањето на високите сметки.

-Според договорот за користење на геотермална вода температурата е минимум 45 степени, заедно ја користиме со ОУ „Св. Кирил и Методиј“, а доаѓа со помалку од 40 степени, односно од 36 до 38 степени. Сметките што ги плаќаат двете училишта е 10 илјади евра месечно. Училиштето нема платено само четири сметки за потрошена вода, а другиот дел е по основ на ѓубрарина. Површината од околу 2.000 метри квадратни, не знам на каков начин, е зголемена на 4.853 метри квадратни, а просторот меѓу СОУ „Љупчо Сантов“, ОУ „Св. Кирил и Методиј“ и спортската сала, по имотен лист потпаѓа на Република Македонија, а корисничко право има Општина Кочани. Никаде не стои корисник „Љупчо Сантов“, а години наназад е плаќано за тие сметки, од сопствени средства го одржуваме дворот. На 30 април ја известивме Општина Кочани за да го регулира тоа право на користење, истакна Љубомир Гацов, директор на СОУ „Љупчо Сантов“.

И покрај високите сметки за геотермална вода, директорот на ОУ „Св. Кирил и Методиј“ нагласи дека услугата што ја добиваат не е според договорот.

-Температурата на водата константно е од 38 до 40 степени, а што уште полошо, немаме доволен притисок на влез за да можеме со нашите пумпи да ја испумпуваме до четвртиот спрат на Гимназијата. Доаѓа со 0,9 бари, 1 бар, а минимум 2 бара се потребни за да можеме непречено да работиме, па дополнително набавуваме нафта, а парниот котел троши 130 литри на час. Тоа се огромни трошоци што мораме да ги покриваме од буџетите за да ги затоплиме нашите простории, истакна Драган Трајчев, директор на ОУ „Св. Кирил и Методиј“.

Директорот на ОУ „Раде Кратовче“ нагласи дека до ноември минатата година уредно биле плаќани сметките кон „Водовод“.

-Тогаш забележавме дека на фактурата имаме енормно зголемување на потрошената количина на вода, односно претходно плаќавме од 20 до 30 илјади денари, а во ноември стигна фактура од 150 илјади денари. Побаравме екипа да се санира дефектот, не беше испратена екипа од „Водовод“ и бевме принудени сами да го санираме. За месец март и април ни стигна фактура од по 240 илјади денари, а водомерот не е ни прочитан, истакна Глигор Гацовски, директор на ОУ „Раде Кратовче“.

Во СОУ „Гошо Викентиев“ исто така стигнале високи сметки за комунални услуги, што ги оценуваат како нереални.

-Кај нас проблемот е во регулирањето на дворната површина и сметот. Со промената на методологијата за пресметка, што беше изгласана од Советот на Општина Кочани, сметките од 25 или 33 илјади денари претходно, сите пораснаа на 170, па и над 200 илјади денари. Пресметката за одржување на дворна површина не е реална, а СОУ „Гошо Викентиев“ има 52 илјади метри квадратни, односно 12 пати повеќе од СОУ „Љупчо Сантов“, па нормално е и сметката да е за толку повисока. Парите што ги добиваме од Општината како блок дотации не се доволни за да можеме да ја подмириме. Она што е планирано во буџетот и што го доставуваме до Општината, го плаќаме. Она што е повеќе од тоа, нема услови да биде платено. За тие пари од „Водовод“ воопшто не го поминуваат прагот на училиштето за нешто да направат, а сакаат да се плати, истакна Владо Симеонов, директор на СОУ „Гошо Викентиев“.

На прес-конференцијата беше истакнато дека вкупниот долг што им е пресметан на сите училишта заедно е во висина од една месечна плата за вработените во „Водовод“.

Директорите изразија подготвеност за средба со в.д. градоначалникот Венко Крстевски за да се најде заедничко решение за овие проблеми.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: кјп „водовод“општина кочаниосновно образованиесредно образование

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

На Пониква се одржа дводневна обука за спасување и извлекување лица во зимски услови и лавини на планина
Кочани

На Пониква се одржа дводневна обука за спасување и извлекување лица во зимски услови и лавини на планина

автор: Т. Ајтовски
11 февруари, 2026 10:25
0

Доброволната спасителска служба „Осогово“ од Кочани беше домаќин и организатор на дводневна обука за спасување и извлекување лица во зимски услови и лавини на планина што се одржа...

прочитај повеќе
Обука за правилна селекција, постапување и документирање на отпад организираше Здружението „Еко Тим Исток“ – Кочани
Кочани

Обука за правилна селекција, постапување и документирање на отпад организираше Здружението „Еко Тим Исток“ – Кочани

автор: Т. Ајтовски
10 февруари, 2026 15:19
0

Здружението за екологија и заштита на животната средина „Еко Тим Исток“ од Кочани организираше дводневна обука за правилна селекција, постапување и документирање на отпад,наменета за претставници од компании...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
фев 11, 2026 - сре
Кочани, MK
7°C
облачно
облачно
3 m/s, SE
89%
753.81 mmHg
wed02/11 thu02/12 fri02/13 sat02/14 sun02/15
облачно
8/7°C
облачно
8/7°C
слаб дожд
9/8°C
одвоени облаци
13/6°C
слаб дожд
14/9°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?