Ревалуацијата на лицата кои се здобија со повреди во пожарот во „Пулс“ сѐ уште трае поради поголемиот број пациенти и заради тоа што голем дел од нив веќе се вратиле на секојдневните обврски, односно на работните активности на факултет.
Здравствената состојба на повредените се подобрува во однос на претходната контрола, информираше директорката на Општата болница со проширена дејност – Кочани, Катерина Паниќ Мирчовска.

-Денеска има една група којашто се евалуира во Скопје. Значи, во два наврати евалуација се вршеше во Скопје и во три наврати во кочанската болница и завршува званично со ревалуација на последната група, в четврток во кочанската болница. Нивната состојба е многу подобрa во однос на претходната ревалуација. Ќе биде доставен обемен извештај во однос на целокупната евалуација којашто се изврши во овој период за состојбата. Ќе биде доставен до Министерството за здравство, од каде што и потекнува иницијативата за формирање на тимот за повторна ревалуација, за да ги видиме потребите на повредените, кај колку од нив е завршенo лекувањето, a кај колку од нив сѐ уште има потреба од одредени хируршки интервенции. Секако, ќе стартува и третманот со ласертерапија, значи на два различни ласери, коешто ќе се одвива на Клиниката за дерматологија. Значи, веќе се вклучуваат и дерматолозите во третманот, така што сега засега и ние сме задоволни од тоа како се одвива нивниот процес на лекување и рехабилитација, истакна директорката Паниќ Мирчовска.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






