Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Се одржаа 26. Денови на медот во Кочани

автор: Д. Николов
21 октомври, 2023 20:48
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Се одржаа 26. Денови на медот во Кочани

Денеска во Паркот на Револуцијата се одржа манифестацијата „Денови на медот 2023“, која годинава го имаше 26. издание во организација на пчеларското здружение „Матица“ од Кочани.

На настанот беа изложени мед и пчелни производи што граѓаните можеа да ги купат по саемски цени.

Претседателот на здружението „Матица“, Борчо Атанасов истакна дека на манифестацијата го изложуваат медот кој наоѓа примена во секојдневното здраво живеење.

-Денес, го отвораме нашиот саем за пчеларство кај што изложивме мед и пчелни производи. Пчеларски здруженија има од Кочани,Битола, Штип, Виница, Пехчево, Пробиштип и Куманово. Проблем оваа сезона беше појавата на крлежот, кој правеше штети, но со навремено реагирање на пчеларите се изборивме успешно, истакна Атанасов.

Годинава поддршка на манифестацијата дадоа и претседателот на Сојузот на здруженијата на пчелари на Македонија, Менде Трајковски и раководителот на подрачната единица при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Горан Миладинов.

-Во Кочани и Битола оваа манифестација се одржува 26 години по ред и се надевам и сум сигурен оваа традиција ќе трае уште долго. Оставаме аманет овие манифестации да траат уште многу години. За следната година се договоривме да формираме Европски пчеларски сојуз со цел да бидеме поблизу до Брисел и до ЕУ и до финансиските средства. Ние во нашата држава добиваме и субвенции за кои сме благодарни многу и се во висина од околу 10. 000 евра. Овие години наназад со климатските промени ни се случуваат многу проблеми и немаме многу големи приноси, но работиме со љубов, истакна Менде Трајковски, претседател на Сојузот на здруженија на пчелари на Македонија.

-Како долгогодишни соработници со пчеларите, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку своите програми ги поддржува овие манифестации кои се од локален карактер, а целта е да се развие свеста кај луѓето за значењето на пчелите. Исто така, Министерството ги поддржува пчеларите преку други различни програми и мерки, кажа Горанчо Миладинов, раководител на ПЕ на МЗШВ.

На манифестацијата беа доделени признанија и плакети за сите учесници. Пчеларот Николчо Данилов, член на ПЗ „Матица“, кој има 40-годишно пчеларско искуство, доби плакета за најдолг стаж во Здружението.

Манифестацијата беше збогатена со културно-уметничка програма на која настапија ученици од ОУ „Раде Кратовче“, од музичкото училиште „Ристо Јуруков“ и од културно-уметничкото друштво „Руен“од Кочани.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: денови на медот

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра
Кочани

Премиерот Христијан Мицкоски во Кочани најави почеток на градба на јужен булевар и мост – капитални проекти вредни милиони евра

автор: Т. Ајтовски
13 март, 2026 13:43
0

Со посетата на владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за транспорт Александар Николовски, во Кочани денеска беше означен почетокот на голем инвестициски циклус кој ветува...

прочитај повеќе
Пожар во пречистителната станица за отпадни води  кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан
Кочани

Пожар во пречистителната станица за отпадни води кај Мојанци, спречена експлозија на балонот со метан

автор: Т. Ајтовски
12 март, 2026 21:38
0

Вечерва околу 20:30 часот избувнал пожар во кругот на Станицата за пречистување на отпадните води кај селото Мојанци, при што била зафатена инсталацијата од системот за пренос на...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 14, 2026 - саб
Кочани, MK
7°C
неколку облаци
неколку облаци
1 m/s, SSE
71%
760.56 mmHg
sat03/14 sun03/15 mon03/16 tue03/17 wed03/18
одвоени облаци
13/8°C
одвоени облаци
14/6°C
неколку облаци
14/7°C
облачно
13/8°C
снег
5/5°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?