Во третото коло на Втората футсал лига екипата на „Фудбал старс Аутовелт“ забележа сигурна победа од 10:3 на гостувањето против „Карадаку“ во кумановско Липково.
Надмоќната игра на гостите од Кочани и освојувањето на трите бода беа потврдени уште во првото полувреме што заврши со водство од 5:1, а во вториот дел разликата беше двојно зголемена.
Иако се дебитанти во второлигашкото футсал друштво, фудбалерите на тренерот Симеон Митев уште на почетокот на сезоната најавија дека нема да бидат лесен противник. Во моментот се на шестото место на табелата, со позитивна гол разлика од 5 погодоци и еден натпревар помалку.
Претходно средбата од второто коло на домашен терен против „Партизан југ“ од Брвеница беше одложена, а презакажана е да се игра на 12 ноември.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






