Две потешки сообраќајни несреќи се случиле вчера на подрачјето на општина Кочани, при што едно лице загинало, а друго е потешко повредено.
Во ОВР – Кочани било пријавено дека во периодот од 23:00 часот на 2. февруари до 16:30 часот на 3. февруари, на земјен пат кој го поврзува локалниот пат Оризари – Пресека со маалото „Јовевци“ од селото Долна Пресека, кај место викано „Лозата“, патничко возило „мерцедес“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 57-годишниот В.Д. од штипското село Стар Караорман, излетало надвор од коловозот. Притоа тој починал од здобиените повреди на местото на несреќата. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР – Кочани.

На 3. февруари околу 14:15 часот во Полициската станица – Кочани било пријавено дека на магистралниот пат А3, кај крстосница База Гранит – Кочани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“ со кочански регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот А.П. од Грдовци и патничко возило „шевролет спарк“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот З.С. од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот З.С., констатирани во Клиничката болница – Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кочани.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.