Здружението „Бистри Умови – Bright Minds of Macedonia“ од Кочани четврта година по ред овозможува целосно бесплатни онлајн курсеви по математика и информатика, наменети за учениците од четврто одделение до средно образование од сите населени места во Македонија.
Оваа година програмата е дополнително проширена и опфаќа содржини, како за почетници кои допрва ги откриваат своите афинитети, така и за најнапредните ученици кои сакаат да го остварат својот потенцијал на олимписко ниво.
Образовниот процес покрива математика, програмирање во C++, натпреварувачко програмирање и напредни олимписки програми, овозможувајќи им на децата со соодветен труд и посветеност да напредуваат од почетните задачи до највисоките спортски и научни дострели.

На крајот од обуките се предвидени завршни натпревари по математика и информатика. За најуспешните ученици кои ќе освојат прво, второ и трето место, организаторите обезбедија вредни награди, меѓу кои лаптопи, таблети, паметни часовници и друга опрема.
Сепак, како што истакнуваат од Здружението, нивната примарна цел е откривање на талентот кај децата, нивно мотивирање за личен развој и создавање на следната генерација македонски олимпијци.
Сите заинтересирани ученици и нивните родители можат да најдат детали за пријавувањето и програмата на официјалната веб-страница brightmindsofmacedonia.com
©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






