Со света архиерејска литургија и општ парастос за упокоените, утрово во црквата „Св. великомаченик Георгиј“ започна одбележувањето на годишнината од трагичниот пожар што го потресе Кочани.
Со верските обреди чиноначалствуваа Неговото Блаженство, архиепископот охридски и македонски г. г. Стефан и Неговото високопреосвештенство, митрополитот на Брегалничката епархија г. Иларион, во сослужение на свештенослужители од Брегалничката епархија.

На литургијата и парастосот присуствуваа семејствата на загинатите, повредени од трагедијата, претставници на институциите, свештенството и голем број граѓани, кои со молитва и тивка почит им оддадоа спомен на настраданите.

Со овој духовен чин и со трисаѓе за упокоените на Градските гробишта во Кочани започна тридневната програма за одбележување на годишнината од трагичниот настан, во знак на сеќавање, почит и солидарност со семејствата на жртвите.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






