Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Една година од трагедијата во „Пулс“: Кочани се сеќава, повредените низ спорт и терапија се враќаат во живот

автор: Т. Ајтовски
15 март, 2026 11:24
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Една година од трагедијата во „Пулс“: Кочани се сеќава, повредените низ спорт и терапија се враќаат во живот

Со кошаркарски натпревар меѓу екипи од повредените во пожарот во „Пулс“ и пораки за побрзо оздравување, во Кочани се одбележува една година од Трагедијата.

Настанот, кој ги собра преживеаните, институциите и граѓаните, послужи како потсетник за научените лекции, но и за силната волја на младите луѓе кои продолжуваат со својата рехабилитација.

Еден од присутните на денешниот натпревар беше и Драган Давитковски, кој во кобната ноќ бил во дискотеката со својата сопруга и пријатели. Тој со тага се присетува дека на нивната маса животот го загубиле двајца негови блиски. Давитковски сè уште се справува со последиците од повредите, но вели дека мора да се гледа напред.

-Имам повреди, изгореници и внатрешни повреди. Сега одиме на ласер во Скопје, а пулмолози редовно нè прегледуваат тука во болницата во Кочани. Првите денови беше потешко, сега сме подобро. Животот во Кочани продолжува малку тешко, ама мора да продолжи, изјави Давитковски, посакувајќи им на своите другари побрзо оздравување.

Министерот за здравство, Азир Алиу, истакна дека државата останува посветена на поддршката на овие млади граѓани, не само преку здравствени услуги, туку и преку системски решенија. Тој информираше дека веќе е објавена првата Национална стратегија за справување со масовни жртви, со цел институциите да бидат подготвени за брзо делување во реално време.

-Свесни сме дека државата мора да стои зад семејствата и младите кои поминаа низ ваков трауматичен период. Дел од нашите граѓани ќе одат на лекување надвор од државата за услуги за кои тука немаме експертиза, додека за останатите е направен протокол за згрижување во нашиот здравствен систем. Ова ќе трае подолго и сакаме да креираме пристап кој постојано ќе ги следи, нагласи министерот Алиу.

Директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ Мирчовска, објасни дека денешниот спортски настан во кошарка не е само дружење, туку дел од процесот на заздравување.

-Спортот е еден вид физикална терапија за изгорениците на рацете која тие неосетно ја прават низ игра, а воедно има и голема психолошка придобивка. На секои шест до седум месеци ќе правиме реевалуација на нивната состојба. Во блиска иднина кај дел од нив ќе започнат и сложени хируршки интервенции, особено на прстите на рацете и на лицето, каде мораме да бидеме многу претпазливи за да не се формираат нови лузни, истакна Паниќ Мирчовска.

Настанот во Кочани заврши со порака дека, иако трагедијата остави длабоки траги, заедништвото и континуираната грижа се клучни за целосно закрепнување на повредените млади луѓе

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општина кочанитрагедија кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
18°C
облачно
облачно
3 m/s, E
49%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?