Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Завршија градежните работи на Одделот за физикална медицина во Општата болница – Кочани, ќе се обезбеди централно снабдување со кислород и ќе се набави дигитален рентген апарат

автор: Т. Ајтовски
29 август, 2025 14:00
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
Завршија градежните работи на Одделот за физикална медицина во Општата болница – Кочани, ќе се обезбеди централно снабдување со кислород и ќе се набави дигитален рентген апарат

Завршени се градежните работи за реконструкција и адаптација на просторот за физикална медицина во Општата болница со проширена дејност во Кочани, а во наредниот период вниманието ќе биде насочено кон инсталирање на потребната опрема. Целта е просторот што поскоро да се стави во функција со приоритет за третман на повредените во трагичниот пожар во март годинава, но и за останатите пациенти.

Увид во текот на работите денеска направи директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски кој најави дека е зголемен буџетот за Болницата во Кочани за да се справи со наследените финансиски проблеми, одобрени се средства за вработување на 20 лица како медицински персонал, како и за набавка на опремата за физикалната терапија и доопремување на останатите болнички одделенија.

-Одобривме, што не е од корист само за повредените, туку за сите граѓани на Кочани, набавка на дигитален рентген кој ќе биде спроведен доста брзо. Исто така бевме тука да го видиме напредокот на реконструкцијата на физикалната терапија, на новиот простор за физикална терапија, каде што градежно-занаетчиските работи се завршени, во моментот се чисти просторот и многу наскоро ќе почне опремување на просторот, така што ќе има сите можни услови за повредените, а секако и за граѓаните од Кочани. Ние ќе продолжиме понатаму да работиме на обезбедување средства за централно снабдување со кислород на хируршките сали и со тоа би го заокружиле она што го правиме за Општата болница и повредените во оваа година, истакна директорот Клековски.

Директорката на Општата болница, Катерина Мирчовска додаде дека со опремувањето на одделот на физикална медицина ќе се добијат современи услови за третман на повредените, а имало и други активности за подобрување на условите во здравствената установа.

-Имавме непредвидени дополнителни градежни активности, се направи комплетна промена на вертикалата на канализациската и водоводната мрежа на одделенијата за хирургија и гинекологија, и пред приемна амбуланта, со комплет реновирање на тоалетите. Дополнително,  во фаза на набавка е дигитален рентген апарат којшто ќе служи за целокупното население, бидејќи Општата болница во Кочани го покрива источниот регион. Понатаму, планирано е со помош на општествено одговорни компании да се направи првпат во Болницата централен довод за кислород со вакуум и компресорска станица којшто ќе биде комплет во интензивните, полуинтензивните неги, итната медицинска помош, хируршките сали, ќе бидат покриени со довод на кислород. Тоа е еден крупен проект којшто се планира, понатака дополнително значи ќе се набавува електрокаутер за потребите на хируршките операциони сали и како што претходно, минатата недела веќе беше пренесено и во медиумите, во соработка и со „Цептер“ го има биоптронот на извор на ладно светло кој што се користи на пациентот којшто е со отворени рани каде што имаме позитивни резултати за да може побрзо да се процесот на регенерација на кожата, истакна директорката Мирчовска.

Во наредниот период во Општата болница повторно ќе се реализираат пулмолошките прегледи, како и комплетните ПРП процедури коишто претходно се правеа во соработка со специјалистите од Пластична хирургија од Скопје.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општа болница со проширена дејност - кочанифизикална терапијафонд за здравствено осигурување

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“
Кочани

Во ритамот на креативноста: Се одржа базарот на рачни изработки „Кочани твори“

автор: Т. Ајтовски
1 март, 2026 18:02
0

Во организација на здружението „Синтезис“ од Кочани, пред кафе-барот „Какао либре“, денеска се одржа базарот на рачни изработки под насловот „Кочани твори“. Настанот беше несекојдневен и значаен чекор...

прочитај повеќе
Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани
Кочани

Пораки за правда и одговорност за трагедијата во клубот „Пулс“ упатени на 38. „Марш за ангелите“ во Кочани

автор: Т. Ајтовски
28 февруари, 2026 16:54
0

Во Кочани денеска се одржа 38. „Марш за ангелите“, посветен на жртвите од трагедијата во клубот „Пулс“. Маршот започна од Паркот на револуцијата, по што учесниците поминаа низ...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
мар 9, 2026 - пон
Кочани, MK
11°C
облачно
облачно
3 m/s, SE
63%
771.82 mmHg
mon03/09 tue03/10 wed03/11 thu03/12 fri03/13
облачно
11/7°C
облаци
14/6°C
чисто небо
15/6°C
чисто небо
16/7°C
чисто небо
15/7°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?