Со шампионска титула се закити кочанскиот деветоодделенец Владимир Грчев, освојувајќи го златниот медал на 29. Македонска јуниорска олимпијада по информатика. Натпреварот се одржа вчера и денеска во просториите на ФИНКИ – Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство во Скопје.
Грчев беше најдобар меѓу учесниците на информатичката олимпијада и заслужено се израдува на успехот што одамна го посакуваше.

Златниот медал не му е единствениот успех досега, со оглед што и претходно има освоено повеќе вредни награди и медали на различни натпревари, меѓу кои еден сребрен и два бронзени медали на Македонската јуниорска олимпијада по информатика, два бронзени медала на Европската и Балканската олимпијада по информатика, три олимписки пофалници од Балканската олимпијада по информатика за средношколци и други.
Сепак, оваа шампионска титула е највисоко достигнување на домашно ниво, како за него лично, така и градот Кочани.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.