Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Изготвен е проект за спомен обележје на Пониква за починатите во „Пулс“, по согласноста од Општина Кочани ќе може да се реализира

автор: Т. Ајтовски
14 јули, 2025 09:56
во Кочани
време на читање: 4 мин.
A A
Изготвен е проект за спомен обележје на Пониква за починатите во „Пулс“, по согласноста од Општина Кочани ќе може да се реализира

Здружението „16 март 2025 – Кочани“ изготви технички проект за изградба на спомен обележје на Пониква, а што ќе биде посветено на загинатите во трагедијата во клубот „Пулс“.

Според техничката документација, спомен обележјето со називот „Ангели“ треба да биде изградено во непосредна близина на локалитетот Аеродром на Пониква, во катастарската општина Јастребник.

Се работи за монумент со парковско уредување на површина со димензии 30 на 40 метри, во кој треба да се постави вертикален метален столб со височина од 9 метри, да се изгради мал параклис, да се постават клупи и да се засадат дрвја со придружно хортикултурно уредување на просторот.

Градежно-техничката документација ја подготви проектантската компанија „Концепт ЕУ“ ДОО – Кочани.

Идејата за изградба на монументот е на Тошо Антов, член на Здружението „16 март 2025 – Кочани“, чија единствена ќерка Ивона настрада во трагедијата.

-До моментот кога ја дознавме кобната вистина за нашата ќерка бевме среќно семејство со многу планови за иднината. По трагичната ноќ, останавме во неверување, потресени, изгубени и во шок од загубата, без патоказ како да продолжиме понатаму. Таа беше личност која секогаш помагаше и правеше сè за своите другарки, поради што размислував како да се направи нешто за спомен на неа и за сите трагично загинати на тој 16 март. Идејата за спомен обележјето е моја и тоа ќе биде единствено од таков вид во државата и пошироко, на толкава надморска височина. Ивона беше планинарка и сакавме монументот да биде во природа, во планинска тишина, секој да може да го посети и да оддаде почит на нашите деца, истакна Антов.  

Здружението веќе добило согласност од Јавното претпријатие за државни патишта, од каде оцениле дека според приложената документација може да се реализира планот без да се навлегува во зоната на регионалниот пат Р1309. Притоа се напоменува дека влезот на просторот каде што ќе биде лоциран споменикот не треба да биде директно од патниот правец. Со оглед на пространата локација, може да се обезбеди доволно простор за паркирање возила, како и за дополнителни содржини во иднина.

Барањето за согласност е доставено и до Советот на Општина Кочани, по што општинската администрација треба да издаде решение за поставување урбана опрема, за да може да се реализира целата идеја.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: здружение на граѓани „16 март 2025 - кочани“поникваспоменик „ангели“трагедија кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
15°C
облаци
облаци
1 m/s, ENE
68%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?