Жена од Кочани се договорила со мајстор за градежни работи во домот, но била измамена откако му ги дала парите, а не ја добила бараната услуга. Случајот го пријавила во полиција и сега чека разрешница.
Од МВР потврдија дека на 2 јануари, околу 13:45 часот, 45-годишната жена во Полициската станица во Кочани пријавила дека била измамена од С.А., со кого се договорила за 22.000 евра да ѝ ја направи куќата. Според договорот, таа во неколку наврати му дала вкупно 18.500 евра, но мајсторот воопшто не ја завршил работата.
Од Полицијата велат дека го испитуваат целиот случај и преземаат мерки за негово расчистување.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.