Носителот на кандидатската листа за пратеници од ВМРО-ДПМНЕ во Третата изборна единица, Драган Ковачки денеска oдржа прес конференција на која ги најави проектите што се планирани за Кочани во партиската предизборна програма.
-За Кочани предвидуваме изградба на експресниот пат до Делчево, и тоа во два мандата, потоа реконструкција на пругата Кочани – Велес, третман на атмосферските и фекални отпадни води на Пониква и 17 милиони евра за нашиот град Кочани, за изградба на јужниот булевар, за изградба на катна гаража и за изградба на старечки дом.
Почитувани граѓани, пред нас се историски избори, на 8 мај ве повикувам сите да се придружите и заеднички да ги донесеме промените, да донесеме победа за Македонија, да заокружиме за бројот 2, за Гордана Силјановска Давкова за претседател и за Христијан Мицкоски да биде премиер на Република Македонија, истакна Ковачки.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.