Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

Кочани е дел од европскиот проект AgriExcel за дигитална трансформација во земјоделството во рамки на Интеррег програмата на ЕУ

автор: Т. Ајтовски
20 август, 2025 10:26
во Кочани
време на читање: 2 мин.
A A
Кочани е дел од европскиот проект AgriExcel за дигитална трансформација во земјоделството во рамки на Интеррег програмата на ЕУ

Седум земјоделски региони од исто толку европски држави, меѓу кои е и Македонија се вклучени во партнерскиот проект AgriExcel со кој ќе се реализираат активности за дигитална трансформација во земјоделството.

Македонски партнер во проектот е Кочани, заедно со регионите на Тревизо во Италија, Стирија во Австрија, Осона во Шпанија, Стара Загора во Бугарија, Виџем во Летонија, како и Универзитетот за применети науки ЈАМК од Финска, кој е носечки партнер на активностите.

Кај секој партнер бидат опфатени специфичните регионални предности и приоритети за дигитализација, при што во Кочани вниманието е насочено кон потенцијалот на геотермалната енергија во земјоделството и одржливиот локален развој, како дел од Стратегијата за локален економски развој на општина Кочани за периодот 2024 – 2027 година.

Проектот AgriExcel треба да ги обедини регионите за да ја забрза дигиталната трансформација во агропрехранбениот сектор што се смета за една од најкритичните и недоволно дигитализирани индустрии во Европа. Практично производителите на храна во земјите на ЕУ се соочуваат со климатски притисоци, нестабилност на глобалниот пазар и потреба за поголем раст со помалку ресурси.

-Технологиите како што се паметните сензори, автоматизацијата, вештачката интелигенција и земјоделство базирано на податоци нудат вистински решенија. Но, во многу региони, особено руралните, овие алатки остануваат недоволно искористени поради ограничениот капацитет за иновации и недостатокот на соработка помеѓу технолошкиот и агропрехранбениот сектор. Целта е да го промениме тоа преку поддршка на креаторите на политиките, на иновативните центри и на засегнатите страни во агропрехранбениот сектор преку забрзување на усвојувањето на паметната агротехнологија. Притоа, ги насочуваме регионите кон заедничко креирање мисии за дигитални иновации прилагодени на нивните приоритети, поддржуваме воведување на модели за одржливо земјоделство базирани на податоци, го олеснуваме учењето и подобрување на политиките со прекуграничната соработка и промовираме нови начини за поврзување на истражувањето, бизнисот и управувањето во екосистемите за рурални иновации, се нагласува во приоритетните цели на проектот AgriExcel.

 Регионите кои се вклучени во проектот контактот и обуките ги остваруваат електронски преку т.н. вебинари, а Ќе следат серија регионални состаноци со засегнатите страни, по што сите заедно ќе имаат студиска посета во Летонија во септември.

Вкупниот буџет за реализација на проектот изнесува близу 1,6 милиони евра, а имплементацијата ќе трае до крајот на јули 2029 година.

©2011 - 2026 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: земјоделствокочаниопштина кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Koчани е меѓу општините што во 2022 година издвоиле под 100 евра по жител за капитални расходи
Кочани

Општина Кочани објави Јавен повик за креирање на Буџетот за 2027 година – граѓаните и здруженијата да поднесат свои предлог-проекти

автор: Т. Ајтовски
29 септември, 2026 15:52
0

Секторот за финансиски прашања во Општина Кочани го почна процесот на креирање на Буџетот за 2027 година и упати јавен повик до сите граѓани, институции и здруженија за...

прочитај повеќе
Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад
Кочани

Индекс на активна транспарентност 2026: Кочани во самиот државен врв, Зрновци со максимални 100 отсто, додека Чешиново-Облешево бележи пад

автор: Т. Ајтовски
28 септември, 2026 14:31
0

Општина Кочани оствари извонреден резултат од 98,5 отсто активна транспарентност, што ја рангира на високото шесто место на национално ниво и на трето место во Источниот Регион, според...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
сеп 30, 2026 - сре
Кочани, MK
17°C
облаци
облаци
1 m/s, ESE
57%
770.32 mmHg
wed09/30 thu10/01 fri10/02 sat10/03 sun10/04
облаци
20/12°C
чисто небо
21/8°C
чисто небо
20/6°C
чисто небо
19/5°C
одвоени облаци
19/8°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • ПОЛИТИКА
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ОГЛЕДАЛО
  • ВИДЕО
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ТВ ВО ЖИВО
  • РАДИО ВО ЖИВО
  • КАНАЛ 8 – на вашиот Андроид телефон

© 2011 - 2026 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?