Градоначалникот на Општина Кочани, Владко Грозданов, денеска од Паркот на Револуцијата го означи почетокот на серија спортски активности со цел оддавање почит на прерано заминатите деца и давање поддршка на повредените во големата трагедија во клубот „Пулс“.
Настанот вклучува повеќе рути на движење, каде што граѓаните преку спорт изразуваат солидарност со настраданите семејства.

-Поделени сме во неколку рути. Оваа група велосипедисти вози велосипедска тура од Кочани до Оризари, потоа во до Прибачево, Грдовци, Подлог, Мојанци. Имаме учесниците кои трчаат друга рута од Кочани до Грдовци преку Мојанци, Подлог, и трета рута велосипедисти и тркачи од другите општини кои возат долга рута и сите заедно околу пладне ќе стигнеме на локацијата кај дискотеката „Пулс“. Имаме околу 500 учесници, за овој настан, како и планинарска тура на Пониква, каде истот така има уште 500 учесници.
Покрај активностите на отворено, во спортската сала „Сашо Лазаров Чапо“ се одржа и кошаркарски натпревар во кој учествуваа дел од повредените лица во пожарот во „Пулс“.

.
©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.






