Локалната самоуправа на Зрновци продолжува со модернизација на комуналната инфраструктура за што за оваа година најавува неколку важни проекти.
Еден до капиталните проекти чија имплементација се очекува наскоро е „Модернизација, реконструкција, одржување и развој на јавното осветлување во општина Зрновци”. Со проектот, во трите населени места во општината ќе се инсталира т.н. паметен систем за штедливо управување со електричната енергија кај јавното осветлување.

-Со ова заминуваат во историјата постојаните проблеми со старата улична мрежа, замена на постоечките сијалици со високо енергетски, ефикасни ЛЕД рефлектори. Клучни цели на проектот се оптимизација на системот на јавното осветлување и ефикасно управување, реконструкција и модернизација на јавното осветлување, намалување на трошоците за работа со заштеда на електричната енергија и зголемување на атрактивноста на општината, истакна градоначалникот Борчо Коцев.
Штедливите ЛЕД светилки веќе се набавени и испорачани на Општина Зрновци, а се очекува наскоро да почне нивната инсталација, односно замената на постојното јавно осветлување.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.