Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
нема резултати
View All Result
Канал 8 ИПТВ
нема резултати
View All Result

На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

автор: Т. Ајтовски
23 јуни, 2025
во Кочани
време на читање: 3 мин.
A A
На рехабилитација на Пониква се 45 повредени лица од пожарот во „Пулс“, условите сосема ги задоволуваат нивните потреби

Од викендов на двонеделна рехабилитација во одморалиштето на МВР на Пониква се наоѓа првата група од 45 повредени лица од пожарот во клубот „Пулс“.

Со нив работат лекари специјалисти од Клиниката за пластична хирургија од Скопје, како и физиотерапевти од Кочани и Штип, кои им овозможуваат соодветна медицинска нега и физиотерапевтски вежби.

-Престојот на повредените им годи, без разлика на забелешките што ги имаше, овде нема комарци, а временските услови се идеални, со што условите сосема им ги задоволуваат потребите. Превентивно носат долги ракави, заштитени се, не излегуваат преку ден на сончева светлина, а во вечерните часови се физички активни и ги користат опремените игралишта, со што некои постепено се враќаат на своите нормални спортски активности од претходно. Сите се вклучени во системот „Мој термин“ во рамки на проектот за рехабилитација на Пониква., истакна Катерина Мирчовска, в.д. директорка на Општата болница со проширена дејност – Кочани.

На Одделот за хирургија во болницата во Кочани веќе се обезбедени услови за ПРП терапијата на повредените според списокот што е добиен од Клиниката за пластична хирургија.

-Терапијата ќе се спроведе в петок во соработка со специјалисти по пластична и реконструктивна хирургија од Универзитетската клиника „Св. Наум Охридски“ од Скопје.  Во нашата болница ќе продолжи и физикалната терапија за 16 повредени, оваа недела ќе се реализира во втора смена, во адаптираните простории на хирургија. Дополнително, стигнаа и повредените од болницата „Пирогов“ во Софија кои ќе се вклучат во терапијата во болницата кај нас, затоа што сѐ уште ќе имаат обврски за прегледи во бугарската здравствена институција. Со оглед што реконструкцијата на просториите за физикална терапија оди според планот, очекуваме за три недели да почнат да се користат условите таму, додаде Мирчовска.

Задоволни од условите на Пониква и од напредокот на здравствената состојба на повредените се и физиотерапевтите кои работат со нив.

-Пациентите закрепнуваат солидно, има напредок, првите кои беа во кочанската болница  беа тешки, но постепено им се враќаат движењата на екстремитетите, а се подобрува и нивната кондиција. На Пониква имаат поголеми можности за физички активности, а навечер ги користат справите и спортските полигони,. Во текот на денот имаат масажа и вежби во сала, истакна Никола Божиновски, физиотерапевтски техничар од болницата во Штип.

-На Одделите за хирургија за физикална терапија во болницата во Кочани имавме нови, неотпакувани справи и опрема за вежбање и таа е донесена овде, на Пониква. Доволно сме опремени, па дури и масата со реквизити за вежбање е овде. Во Кочани останаа уште 16 пациенти, со оглед што тие сѐ уште мораат да одат на редовни секојдневни преврски во болницата, истакна Јагода Стојанова, физиотерапевт во Општата болница во Кочани.

Во втората група повредени кои ќе престојуваат на Пониква, освен оние на кои им е потребна физикална терапија, ќе бидат вклучени и лица со респираторна патологија на кои им завршило лекувањето.

©2025 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 ИПТВ.
Не е дозволено нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување.

ознаки: општа болница со проширена дејност - кочанипоникварехабилитацијатрагедија кочани

ПРОЧИТАЈТЕ ИСТО ТАКА

Награди на најдобрите ученици и училишни екипи им додели Општина Кочани по повод Петровден
Кочани

Награди на најдобрите ученици и училишни екипи им додели Општина Кочани по повод Петровден

автор: Администратор
11 јули, 2025
0

По повод Петровден, празникот на Кочани, в. д. градоначалникот на Општина Кочани, Венко Крстевски ги награди првенците на генерацијата и најуспешните екипи и ученици од основните и средните...

прочитај повеќе
Оглас за бесплатна обука за негуватели објави Здружението „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“ – Кочани
Кочани

Оглас за бесплатна обука за негуватели објави Здружението „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“ – Кочани

автор: Администратор
10 јули, 2025
0

Здружението на граѓани „Ресурсен центар на родители на деца со посебни потреби“ – Кочани, како лиценциран давател на социјалната услуга „Помош и нега во домот“, распишува оглас за...

прочитај повеќе

ВАШ ПАРТНЕР ЗА БЕСПЛАТНА СТРУЈА

https://youtu.be/R37pBPCwu_A
јул 11, 2025 - пет
Кочани, MK
22°C
неколку облаци
неколку облаци
3 m/s, NE
46%
760.56 mmHg
fri07/11 sat07/12 sun07/13 mon07/14 tue07/15
-/23°C
одвоени облаци
32/19°C
чисто небо
35/20°C
облаци
37/23°C
неколку облаци
36/23°C
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО
Импресум

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

нема резултати
View All Result
  • ПОЧЕТНА
  • КОЧАНИ
  • РЕГИОН
  • КУЛТУРА
  • ПОЛИТИКА
  • СПОРТ
  • ВИДЕО АРХИВА
    • Видео вести
    • Документарни емисии
    • Музика
    • Разно
      • Разговори
      • Проста и строга македонска песна
      • Видео вести – архива
      • Осумаголник
      • На разговор со Џони
      • Здравјето е сѐ
      • Седници на Совет на Општина Кочани
      • Друго
  • ЗА НАС
  • ВО ЖИВО

© 2011 - 2025 Канал 8 ИПТВ - Сите права се задржани. Изработка: studiostiv.

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist

Are you sure want to unlock this post?
Unlock left : 0
Are you sure want to cancel subscription?