Нов успех оствари и признание доби деветтоодделенецот Владимир Грчев од Кочани, кој учествуваше на 31. Балканска олимпијада по информатика за средношколци што се одржа во Охрид.
За своите постигнувања тој се закити со Honorable Mention или Олимписка пофалница, иако беше најмладиот учесник кој на 14-годишна возраст се натпреваруваше во конкуренција со средношколци, постигна високи резултати. Тој беше дел од четиричлената македонска репрезентација, со која на крајот на минатиот месец освои бронзен медал на Европското првенство по информатика во Молдавија.
Исто така, за своето досегашно успешно работење и поддршка во унапредувањето на информатиката на Балканската олимпијада признание доби и здружението „Бистри умови“ од Кочани.
Организатор на Балканската олимпијада по информатика (БОИ) е Здружението на информатичари на Македонија, а оваа година натпреварувачите од регионот имаа гости од повеќе држави надвор од Балканот. Учесници се информатичари од 15 земји, меѓу кои и Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Македонија, Романија, Словенија, Србија и Црна Гора, а покрај државите од регионот на натпреварот учествуваа и ученици од Молдавија, Кипар, Турција, Италија, Украина и Саудиска Арабија.
© 2024 Текстовите и другите содржини се сопственост на Канал 8 телевизија. Секое нивно целосно или делумно преземање, користење или реемитување е дозволено само со претходна согласност од сопственикот.